1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Војна во Газа: Израел е притиснат до ѕид

Хулио Сегадор | АРД
29 мај 2024

Израел има право да се брани против терористите на Хамас. Но Рафах е уште едно делче од мозаикот на катастрофалното војување, кое предизвикува многу цивилни жртви.

https://p.dw.com/p/4gPGs
Појас Газа Рафах
Фотографија: EYAD BABA/AFP

Еднаш веќе имаше неуспешна израелска воена операција со многу жртви, која најнапред обезбеди прекин на огнот, а потоа и - иако кревок - мир: во 1996 година во конфликтот со Либан, за време на операцијата „Грозје на гневот“. Израелскиот артилериски оган тогаш погоди комплекс на ОН во Кана, Либан, кој беше полн со бегалци. Загинаа 106 лица. Интензивниот дипломатски притисок што следеше го убеди Израел да ја прекине воената операција против Хезболах, а со тоа и војната во Либан.

Кој ја направи фаталната грешка?

Рафах исто така би можел да се погрижи за тоа. Може само да се надеваме, колку и да е тажен инцидентот. Во бомбардирањето на командниот штаб на Хамас, за кое израелската војска соопшти дека убила двајца терористи, загинаа десетици невини луѓе. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборува за трагична грешка. Но, тој не кажува во што се состоела грешката. Дали била избрана погрешна цел? Дали разузнавачките информации не биле толку прецизни како што тврди израелската војска? И кој ја направил грешката? Кој ќе ја преземе одговорноста?

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свесно ризикува цела држава да биде притисната до ѕидФотографија: Ohad Zwigenberg/AP/dpa/picture alliance

Недоволно осмислено

Рафах е уште едно парче од мозаикот на катастрофалното водење на војната, дополнителен доказ за тоа колку лошо била и е осмислена израелската воена операција. И тоа е навистина така, кога страдаат бегалци кои веќе изгубиле сѐ во војната. Да, Израел беше нападнат на 7 октомври 2023 година на брутален, нехуман начин. Овој терористички напад длабоко ја погоди земјата и нејзиниот народ. И да, Израел има право да се брани од терористите на Хамас. Но, оваа војна одамна го депласира ова оправдување.

Политичко раководство кое се откажува од секаква дипломатија

Уништувањето на Хамас сѐ повеќе се претвора во уништување на просторот за живеење на два милиони Палестинци, со сѐ повеќе цивилни жртви. На сојузниците како Германија и САД им е сè потешко да стојат на страната на Израел. И сѐ повеќе земји ја признаваат Палестина како држава - што Израел по секоја цена сакаше да го спречи.

Израел е во критична позиција, притиснат до ѕид. Ова е резултат на целосно погрешното војување кое предизвикува премногу жртви. Тоа е резултат на политичкото раководство кое се откажува од секаква дипломатија и се чини дека повеќе се грижи за сопствената судбина отколку за благосостојбата на земјата. Ова се рефлектира и во огромната домашна политичка поларизација. Речиси не поминува ден без демонстрации против премиерот Нетанјаху.

Тој е навидум незасегнат од сето ова - знаејќи добро дека по завршувањето на војната, неговите денови како политички лидер на Израел најверојатно ќе бидат одбројани. Но затоа пак тој свесно ризикува цела држава да биде притисната до ѕид.

Овој коментар го изразува личното мислење на авторот и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на македонската редакција на Дојче Веле или со ДВ во целина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема