1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Очевидци: Израелските тенкови влегоа во центарот на Рафах

ЕМФ | агенции
28 мај 2024

Израелските тенкови влегоа во центарот на Рафах, јавуваaт агенциите повикувајќи се на изјави на очевидци.

https://p.dw.com/p/4gNWY
Рафах, 27.05.2024
Рафах, 27.05.2024Фотографија: Jehad Alshrafi/dpa/picture alliance

И покрај острите меѓународни критики, Израел продолжува со својата офанзива во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа. Според изјави на очевидци на кои се повикуваат светските агенции, израелските тенкови веќе влегле во центарот на Рафах. Израелската армија засега не се изјаснува во врска со ваквите информации и најави соопштение за подоцна во текот на денот.

Во околината на населбата Тел Ал-Султан, каде во неделата (26.05) во израелски воздушен напад, според палестински извори, во камп со шатори загинале најмалку 45 луѓе, сѐ уште паѓаат бомби, информираат жителите. „Насекаде во Тал Ал-Султан паѓаат тенковски гранати“, вели жител за агенцијата Ројтерс, додавајќи дека многу фамилии побегнале на западот на Рафах.