1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Хамас: Во израелски напад на Рафах - 35 загинати

ЕМФ | агенции
27 мај 2024

Во израелски воздушен напад во градот Рафах, според палестински извори, загинале 35 луѓе, а повредени се десетици.

https://p.dw.com/p/4gJT6
Палестинци гаснат оган по израелски воздушен напад во Рафах
Палестинци гаснат оган по израелски воздушен напад во РафахФотографија: Mohammed Salem/REUTERS

Според наводи на здравствените власти кои се под контрола на Хамас, во воздушен напад на Израел врз градот Рафах загинале 35 луѓе, а повредени се десетици. Повеќето од нив, како што се вели, се жени и деца. Ваквите наводи не може да се проверат од независни извори.

На социјалните медиуми кружат видеа на кои се гледа како се извлекуиваат тела од запалени шатори. Според наводи на Црвената полумесечина, во нападот биле погодени шатори на избегани цивили.

Израелската армија на платформата Х потврди воздушен напад врз област на исламистичкиот Хамас. Како што се вели од израелски извори, покрај Јасин Рабија, човек за кого постојат сомневања дека стои зад терористичките активности на Хамас во Западниот брег, убиен бил и Халед Нагар, исто така висок претставник на Хамас. Израелската армија тврди дека нападот бил во согласност со меѓународното право и наведува дека се проверуваат информациите дека при воздушниот напад избил пожар во кој им била нанесена штета на недолжни луѓе.

Појас Газа пожар во Рафах
Пожар по израелскиот напад врз област наменета за раселените Палестинци во РафахФотографија: REUTERS

Црвената полумесечина соопшти дека погодената област е една од хуманитарните зони за оние кои беа принудени да се евакуираат поради израелските борбени операции. 

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во петокот му нареди на Израел веднаш да ја прекине воената операција во Рафах. Одлуките на Светскиот суд се обврзувачки. Меѓутоа, судиите на ОН немаат моќ да принудат држава да ги спроведе неговите одлуки.