You need to enable JavaScript to run this app.
Прескокни до содржината
Прескокни до главната навигација
Кон други страници на DW
Најнови видеа
Региони
Северна Македонија
Балкан
Германија
Европа
Рубрики
Политика
Економија
Општество
Животна средина
Панорама
ТВ во живо
Најнови видеа
Во фокус
Војна во Украина
Balkan Booster
Избори 2024
Реклама
Балкан
Прескокни го блокот Сите содржини на оваа тема
Сите содржини на оваа тема
Нишани им оддава признание на Албанците во Македонија
Договорот на Србија и Косово е историски чекор, чие спроведување ќе ги релаксира односите меѓу Албанците и Србите, но и во целиот Западен Балкан, вели во интервју за Дојче веле албанскиот претседател Бујар Нишани.
Враќањето на визите не е одговор за проблемите!
Во дискусијата во Бундестагот за враќање на визниот режим за Македонија и Србија, опозицијата и‘ порача на Владата: се претерува со бројот на азилантите, а укинувањето на либерализацијата - не е пат до обединета Европа!
Да нема повторно визи за Западниот Балкан!
Германскиот Бундестаг попладнево на иницијатива на пратеничакта група Сојузот 90 - Зелени расправаше за заканите од укинување на визната либерализација за земјите од Балканот.
Ештон во посета на Македонија
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон денеска (16.04) е во посета на Македонија. Вчера првиот дипломат на ЕУ водеше разговори во Црна Гора.
Ештон на Балканот
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон неделава ќе ги посети Македонија, Црна Гора и Албанија.
Безвизниот режим не е загрозен, меѓутоа...
Безвизниот режим за граѓаните на Западниот Балкан во овој момент не е загрозен, но усвојувањето на предлогот за суспензија на безвизниот режим и натаму се наоѓа во европска процедура и кога-тогаш ќе се оствари.
Дали ЕУ ги затвора вратите за Западниот Балкан?
ЕУ мора појасно да ја потврди перспективата на земјите од европската „чекалница“ бидејќи евроскептицизмот расте, гласи пораката на учесниците на дискусијата „Хрватска- последна станица?“ на саемот на книгата во Лајпциг.
Долготрајната процедура - магнет за „лажните азиланти“ од Балканот
Во анализата на Европската иницијатива за стабилност, зголемувањето на бројот на „лажни“ азиланти се доведува во директна врска со должината на процедурата по која се решаваат барањата за азил во одделни земји на ЕУ.
Различноста се казнува на Балканот!
Лепа Млаџеновиќ од Белград е добитник на наградата Ане Клајн на Фондацијата Хајнрих Бел за феминизам и полова демократија. Млаџеновиќ за ДВ говори како на Балканот живеат лицата со неконформна сексуална ориентација
Филе: Наместо реформи за ЕУ, во преден план се домашните потреби на владите
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска (07.03) во Европарламентот зборуваше за програмата за проширување на ЕУ.
Крејтон – Филе: Западниот Балкан има ЕУ перспектива
ЕУ перспективата останува отворена за целиот регион на западен Балкан, порачуваат ирската министерска за европски прашања Лусинда Крејтон (на фотографијата) и еврокомесарот за проширување Штефан Филе во заедничка колумна
Германија ги поддржува ЕУ-перспективите на Западниот Балкан
Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле денеска е во посета на Албанија и Македонија. Освен поддршката за европската перспектива на Албанија, Вестервеле ги критикуваше и националистичките тонови во Тирана.
Рикер во Тирана: Национализмот е дестабилизирачки
Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер јасно стави до знаење дека пораката на негoвата посета на Тирана е да се стопираат националистичките тонови.
Македонските автори ретки на Берлиналето
Во програмата на 53-тото издание на Берлиналето има пет филмови од регионот, главно копродукции меѓу кои свој потпис годинава нема Македонија, која е присутна само на маркетот со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
Човековите права на Балканот несоодветни на желбите за евроинтеграција
Ако земјите од Западен Балкан имаат сериозна намера да станат дел од ЕУ, треба да направат напори за состојбата во областа на човековите права да одговара на европските стандарди, гласи извештајот на Хјуман рајтс воч.
Шведска демантира дека е за враќање на визниот режим за Западен Балкан
Шведската амбасада во Белград ги негираше денеска јавувањата на некои медиуми дека шведската власт превземала иницијатива за повторно воведување на визи за Западниот Балкан.
Србија очекува преговори за членство
Падот на поддршката на граѓаните на Србија за ЕУ ќе се промени кога врз основа на резултатите од реформскиот процес, земјите членки ќе бидат подготвени да отворат пристапни преговори со Белград. Можеби веќе во јуни?
Шведски министер бара враќање на визите за Западен Балкан
Шведскиот министер за миграција Тобиас Билстром смета дека е неприфатливо илјадници лица од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора да бараат азил во Шведска.
ЕП го усвојува механизмот за можно враќање на визите
Одборот за граѓански слободи на Европскиот парламент во четврток (10.01) треба да го усвои механизмот со кој ЕУ привремено би можела да го врати визниот режим за некоја од земјите на Западен Балкан, јавува Бета.
Младиќ под лупа - злосторник или естрадна ѕвезда?
БИРН ги анализираше извештаите за апсењето и почетокот на судењето на Ратко Младиќ и заклучи дека многу медиуми ги занемариле професионалните стандарди.
Балканот завеан во снег
Температурите под нулата и обилните снежни врнежни беа причина за смртта на најмалку шест лица и предизвикаа хаос по патиштата во некои балкански земји.
Датум за Србија на самитот на ЕУ во март?
Односите меѓу Белград и Приштина ќе бидат главна тема на разговорите за Западен Балкан кои се очекуваат идната недела во Брисел. Одлуката за почеток на пристапни преговори со Србија веројатно ќе биде оставена за во март.
НАТО денеска расправа за Балканот
Министрите за надворешни работи на НАТО и првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел ќе разговараат за Косово и за настојувањата на дел од земјите на Западен Балкан за интегрирање во Алијансата и во ЕУ.
Клинтон ја поддржува интеграцијата на Балканот
Американскиот државен секретар изјави дека очекува нормализација на односите на Балканот и натамошно чекорење во евроатлантските интеграции.
Ромпој: Приклучувањето на земјите од Балканот е приоритет на ЕУ
Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој порача дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ значи траен мир на тие простори.
Бан Ким Мун го охрабрува дијалогот Белград - Приштина
Генералниот секретар на ОН ги поздрави „конструктивните чекори“ во рамки на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во редовниот извештај тој се надева дека тоа ќе доведе до траен мир во регионот.
Афирмирана поддршката за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан
Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и Романија, по нивниот трилатерален состанок истакнаа дека „сегашните тешкотии со кои се соочува ЕУ не треба да ја ослабат динамиката на процесот на проширување“.
Демилитаризацијата како закана за балканската безбедност?
Аналитичарите тврдат дека демилитаризација на БиХ ќе ја наруши воената рамнотежа во регионот, што во перспектива би можело да ја уништи сигурноста на Западен Балкан.
Закани кон Балканот
Со укинувањето на визите за Србите, Македонците и Албанците, ЕУ придонесе многу повеќе за регионот отколку со многуте скапи програми. Еврокомесарката Сесилија Малмстром претерува со заканите за повторно воведување визи.
Клинтон ја пофали Хрватска
Американската државна секретарка ја финишира посетата на Западниот Балкан со разговори во Загреб. По состанокот со неа, Белград и Приштина договорија нов состанок на премиерско ниво.
Клинтон е исфрустрирана од босанските лидери
Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во Сараево изјави дека САД се исфрустрирани поради тоа што босанските лидери не го работат она што граѓаните од нив го бараат - реформи на патот кон ЕУ и НАТО.
Клинтон ја почна балканската турнеја
Американскиот државен секретар синоќа допатува во Сараево, од каде, придружувана од високата претставничка на ЕУ, Ештон ќе продолжи за Белград, Приштина, Тирана и Загреб.
Решението е во подобриот живот во Македонија
Германскиот печат ја коментира темата визи и средбата на ЕУ-министрите за внатрешни работи и за правда околу приливот лажни азиланти од Балканот и воведувањето безбедносна клаузула во безвизниот режим.
Визниот режим за Западен Балкан на тапет во Луксембург
Мешовитиот комитет на Министерскиот совет за правда и внатрешни работи денеска (25.10) во Луксембург ќе го разгледа третиот извештај на ЕК за следењето на визната либерализација за земјите од Западен Балкан.
Билд: сигналите од ЕУ поттикнуваат национализам на Балканот
Шефот на шведската дипломатија Карл Билд се двоуми за неопходноста од повторно воведување визи за Западен Балкан. Тој смета дека со нив ќе бидат погодени чесните граѓани и оти Шведска има корист од визната либерализација
Ламерт: Внимателно со новите членки!
Првиот човек на Бундестагот Норберт Ламерт на Конференцијата за проширувањето на Западниот Балкан и Хрватска го образложи својот скептицизам: бара консолидирање на ЕУ, претпазливост и солидна подготовка на проширувањето.
Може ли да се запрат лажните азиланти со стратегија за интеграција на Ромите?
Ромите од Србија и Македонија засилено поднесуваат барања за азил во Германија. ЕУ не гледа причина за доделување азил, туку сака да им помогне на Ромите во нивните татковини да ја победат сиромаштијата.
Европратениците не веруваат во повторно воведување визи за Западен Балкан
Европратениците се загрижени за иницијативата на одреден број земји-членки на ЕУ за повторно воведување визи за Западениот Балкан. За проблемот со барателите на азил виновни се европските земји, но и Западниот Балкан.
Бек: Укинувањето на визната либерализација нема да го реши проблемот со сиромаштијата
Пратеничката од Зелените Марилуизе Бек ги критикува плановите на министерот за внатрешни работи за азилантите од Балканот: Место да се размислува за протерување треба да се размислува за подобри животни услови за Ромите.
Европскиот пат на Западниот Балкан во магла
Хрватска веќе следната година ќе влезе во ЕУ, но останатите земји од Западниот Балкан ќе почекаат, оценија учесниците на трибина на тема евро-интеграции која деновиве се одржа во Софија.
Ќебапи и сливовица во Келн
Во Келн постои голема заедница на луѓе кои се доселиле од поранешните југословенски републики. Туристичката тура „Балкан во Келн“ е идеална можност да се пробаат ќебапи, сливовица и да се дознае повеќе за Балканот.
Ламбсдорф: ЕУ е се‘ уште атрактивна
Членството во ЕУ за многумина во ЈИЕ е цел кон која се стремат. Но, со секоја лоша вест од Атина, Мадрид или Рим се намалува одушевеноста од европското семејство. Како економската криза влијае на приближувањето кон ЕУ?
Лулинг: Немам разбирање за позицијата на Грција
ЕУ пратеничката Астрид Лулинг за ДВ зборува за процесот на проширување на ЕУ кон Балканот. Лулинг е на мислење дека не смее да и се блокира патот на Македонија кон ЕУ поради проблемот со името.
Евробалкански економски песимизам
Повеќе од половина од граѓаните на ЕУ сметаат дека кулминацијата на економската криза претстои. Најголеми песимисти за економската ситуација на Балканот се Хрватите и Србите. Меѓу Европејците, Србите се најнезадоволни.
Бан го пофали напредокот на земјите од Западниот Балкан
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази денеска задоволство од напредокот, кој го постигнале земјите од Западен Балкан, нагласувајќи дека ОН се подготвени и натаму да ги поддржуваат овие држави.
Бан Ки Мун и’ оддаде признание на Хрватска за стабилизација на Балканот
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја продолжува својата балканска турнеја во Хрватска. Тој притоа ја истакна улогата која ја има оваа земја за стабилизирање на Балканот. Турнејата Бан ја започна со посета на Љубљана.
Тешка економска состојба на Балканот
Најновиот извештај на Европската комисија предупредува на забавување на економскиот раст и рекордно високата невработеност на Западниот Балкан. Постепеното опоравување е можно дури од крајот на годината
ЕК: Паѓа брутодомашниот производ на Западен Балкан
Европската комисија оценува дека од почетокот на годинава дошло до забавување на економиите на Западен Балкан, па забележан е пад на брутодомашниот производ од над 1 процент. Во истиот период меѓутоа паѓа и инфлацијата.
Западен Балкан меѓу приоритетите на Кипар
Во Никозија се вели дека Кипар ќе се залага секоја од земјите во процесот на евроинтеграции да направи напредок до декември, кога завршува шестмесечното кипарско претседателство со ЕУ.
Балкански Бенелукс би го проширил пазарот
Идејата за формирање балкански сојуз по примерот на земјите од Бенелукс била една од темите на денешната средба меѓу македонскиот министер за економија Ваљон Сараќини и албанскиот премиер Сали Бериша во Тирана.
Претходна страница
Страница 55 од вкупно 59
Следна страница