1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евробалкански економски песимизам

Марина Максимовиќ/ Александра Трајковска3 август 2012

Повеќе од половина од граѓаните на ЕУ сметаат дека кулминацијата на економската криза претстои. Најголеми песимисти за економската ситуација на Балканот се Хрватите и Србите. Меѓу Европејците, Србите се најнезадоволни.

https://p.dw.com/p/15jS5
Фотографија: picture-alliance/dpa

Граѓаните на Европа остануваат песимисти кога е во прашање нивната национална, но и европска и светска економија. Уште повеќе, 60 проценти од нив сметаат дека најлошото претстои. Дека економската криза не познава граници, зборува и фактот што на граѓаните на ЕУ во „економскиот песимизам“ им се придружуваат, и по некои прашања ги надминуваат граѓаните на западниот Балкан. Така меѓу оние кои економската ситуација во својата земја ја проценуваат како лоша, има најмногу Хрвати. Дури 94 проценти, потоа следуваат 89 проценти Срби, а по нив следуваат Црногорците.

Европскиот просек на песимистичко гледање на националната економија изнесува околу 70 проценти. Граѓаните на Хрватска според последните истражувања на Евробарометар, водат во регионот и во однос на прашањето дали сметаат дека квалитетот на живот е полош од просекот во ЕУ. По нив следуваат Србите, Македонците и Црногорците. Во едно меѓутоа сите се единствени: невработеноста е најголем проблем, велат граѓаните на 27 земји членки на ЕУ и жителите на шесте земји кандидати за влез во Унијата.

Проблемот е комплексен, бидејќи за да се отворат нови работни места е потребен економски раст. Умерен пораст меѓутоа може да се очекува дури во наредните години. „Предизвикот за стопански раст е присутен и во ЕУ и на западниот Балкан. Затоа Европската комисија има многу слични препораки и за земјите членки и за земјите кандидати или потенцијални кандидати. Тие се засноваат на два едноставни економски критериуми: макроекономска стабилност и структурни реформи“, вели Петер Полајнар од Директоријатот за проширување на Европската комисија.

Symbolbild Spanien Euro Krise
Фотографија: picture-alliance/Stephan Persch

Србите најнезадоволни на Балканот со секојдневниот живот

Од Европската комисија велат дека од земјите на западен Балкан токму Хрватска и Србија „како најинтегирани“ и највеќе се погодени од европската економска криза.

Освен загриженоста поради невработеноста, граѓаните се загрижени и за општата економска ситуација и порастот на цените. Дури потоа следува загриженоста за здравствената заштита, даночниот систем и тероризмот.

И аналитичарите проценуваат дека токму стопанскиот пораст, контролата на пензиите и платите и фискалниот јавен долг се клучен предизвик за регионот. „Сето тоа е доволно комплицирано и само по себе, а да не го додадеме и политичкото ниво во некои земји. Знаеме дека изборите по правило ги одлагаат важните одлуки. Така сега новата влада на Србија ќе мора да излезе со веродостојна фискална политика. И не само тоа, туку и да ја примени во својот политички циклус“, вели Жељко Богетиќ од Светска банка.

The European Union flag flutters in the wind with the ancient Parthenon temple, right, and the Propylaea, left, at the Acropolis Hill, in Athens on Tuesday, Oct. 25, 2011. Prime Minister George Papandreou called for unity across Greece's political spectrum Tuesday, as European officials struggled to come up with a definitive solution to Greece's debt woes and prevent it from dragging down other EU nations.(ddp images/AP Photo/Petros Giannakouris)
Фотографија: AP

На крајот, истражувањата на европското јавно мислење од првата половина на годинава покажуваат дека граѓаните на Србија се лидери во регионот по бројот на оние кои се незадоволни со животот кој го водат (дури 63 проценти). По ова прашање се речиси рамо до рамо со Португалците (66 проценти) и Грците, од кои 68 насто се незадоволни со секојдневниот живот.