1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ромпој: Приклучувањето на земјите од Балканот е приоритет на ЕУ

СН/ЖА/миа17 ноември 2012

Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој порача дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ значи траен мир на тие простори.

https://p.dw.com/p/16krd
Фотографија: Reuters

Претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој во Виена истакна дека зачленувањето на земјите од Балканот е приоритет на Европската унија.
Нему во австрискиот главен град синоќа му беше врачена наградата „Европска награда Куденхове Калерги“. Во поздравниот говор тој уште истакна дека членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ значи траен мир на тие простори.
Шефот на австриската дипломатија Михаил Шпинделегар оцени дека мирот е осигуран само внатре во ЕУ, додека во соседството ситуацијата е поинаква.
„Во Босна или на Косово мирот може да биде обезбеден само со помош на војници“, нагласи тој. И Шпинделегар се заложи за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Наградата Куденхова Калерги се врачува секои две години, а меѓу претходните добитници се германската канцеларка Ангела Меркел и поранешниот министер за надворешни работи на Австрија, Алојз Мок.
Ромпој наградата ја доби за своите заложби за Европа како континент на единство и мирот, објасни пронцот Николаус фон Лихтенштајн, потпретседател на друштвото „Куденхове Калерги“.
Наградата го носи името на основачот на паневропското движење, дипломат, филозоф и публицист, гроф Ричард Николаус фон Кундехове Калерги.