1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демилитаризацијата како закана за балканската безбедност?

Самир Хусеиновиќ/ Темјана Поповска9 ноември 2012

Аналитичарите тврдат дека демилитаризација на БиХ ќе ја наруши воената рамнотежа во регионот, што во перспектива би можело да ја уништи сигурноста на Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/16fJ8

Во БиХ мислењата за демилитаризацијата се поделени. Во Република Српска, поголем број не се противат на иницијативата на претседателот Милорад Додик, освен професионалците од Вооружените сили на БиХ. Иницијативата на Додик за укинување на Вооружените сили заради „штедење“, во БиХ се доживува како обид за слабеење на федерацијата и загрозување на нејзиниот суверенитет.

Професорот за одбрана и заштита Неџад Ахатовиќ од Сараево потсетува дека во Дејтонскиот договор (Анекс 1Б) е дефиниран елементот за контрола на регионалните воени ефективи. На оваа основа БиХ, Хрватска и Србија, во 1996. година во Виена го потпишаа Договорот за субрегионална контрола на вооружувањето, кој прецизно го дефинира односот на воените сили во регионот. „Секој едностран чин на некоја од државите-потписнички на овој Договор, без разлика дали се работи за демилитаризација или зголемување на воените сили, ќе ја наруши воената рамнотежа во регионот, што во перспектива може да ја загрози сигурноста на Западен Балкан“, истакнува Ахатовиќ.

Bosnien und Herzegowina Armee
Професор Неџад АхатовиќФотографија: DW

Што ќе и‘ е на Србија војска?

Во Хрватска и Србија за демилитаризацијата се зборува само во контекст на предлогот на Додик за БиХ. Военополитичкиот аналитичар Мирослав Лазански од Белград, кога ја поддржува идејата за укинување на Вооружените сили на БиХ, се залага и за зајакнување на српската војска. Тој тврди дека војни на Балканот веќе нема да има „барем кога е во прашање БиХ“.

„Србија има проблем со Косово, и го решава тоа дипломатски, но ние не знаеме дали ситуацијата ќе биде таква за десет или петнаесет години. Потенцијален проблем Србија има и во Војводина со Унгарија, додека и на истокот ситуацијата со Бугарија не е баш јасна. Да не зборуваме пак за проблематичниот спор околу границата со Хрватска на Дунав“, вели Лазански во емисијата „Забранет форум“ на ТВ Пинк.

Во Хрватска не помислуваат за демилитаризација

„Во Хрватска никој не помислува на демилитаризација“, истакнува военополитичкиот аналитичар Игор Табак од Загреб. Хрватска е членка на НАТО, а НАТО од членките во првиот ред бара да се способни да се грижат за сопствената сигурност и притоа да придонесуваат за сигурноста на другите. Освен тоа, во случаите како природни катастрофи, ниту една друга цивилна организација не би можела да ја надомести улогата на хрватската војска“, вели Табак.

За аналитичарите од Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии, ИФИМИС, демилитаризацијата на БиХ е прашање од регионално и европско значење „надвор од надлежноста на ентитетот“. Во анализата на  ИФИМИС се истакнува дека соседите на БиХ издвојуваат по три или четири пати повеќе пари за вооружените сили, така што не може да има демилитаризација на БиХ без демилитаризација во поширокиот регион.