1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово е главна тема на денешниот самит на ЕУ

Анке Хагедорн-Бернд Ригерт14 декември 2007

Европските лидери, според Ројтерс, се подготвени на Србија да и‘ понудат забрзување на патот кон членство во унијата и ќе се заложат за почеток на подготовките за полициска мисија на унијата на Косово.

https://p.dw.com/p/CbWU
Фотографија: EU
Косово е темата за која денеска ЕУ ќе се обиде да најде најмал заеднички именител. На 19 декември Советот за безбедност на ОН ќе даде одговор на прашањето - како натаму со покраината и се претпоставува дека ЕУ ќе го почека тоа решение пред самата да соопшти каков е нејзиниот став. Унијата е поделена по прашањето на статусот на Косово. Кипар се изјасни решително против независност, а дилеми има кај Словачка, Шпанија и Грција.
Нејасна правна основа за мисија на ЕУ
Kosovo
КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

Дека шефовите на држави и влади на нивниот ручек денеска ќе постигнат единствен став околу Косово е малку веројатно. Сепак, можно е да се донесе решние за европска мисија на Косово, односно за испраќање најмалку 1 600 припадници на безбедносните сили, како и правни експерти кои треба да дадат поддршка на обуката на косовската полиција и управата. Правната основа за оваа мисија е нејасна. Врз резолуцијата на ОН за Косово од 1999 година ваква мисија ЕУ не може да се заснова. Во изминатите месеци, шефот на европската дипломатија, Хавиер Солана, постојано пледираше за нова резолуција за Косово: “За нас во ЕУ Советот за безбедност е многу важен, ние веруваме во него и во ОН, и ќе работиме и натаму на тоа да се донесе резолуција во Советот за безбедност.“ Против резолуција е Русија, која најави свое вето. Сега Солана се надева дека генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ќе побара мисија на ЕУ, и со тоа фактички ќе ја легализира.
Теми на самитот и Турција и доселувањето во унијата

На самитот на ЕУ денеска ќе се разговара и за приклучувањето на Турција кон ЕУ, за оснвоањето на т.н. Совет на мудреци, инициран од францускиот претседател, Саркози, како и политиката на доселување во ЕУ. Од вчера, шефовите на држави и влади на ЕУ имаат една болка во стомакот помалку - во Лисабон беше потпишан

Portugal EU Vertrag von Lissabon Unterzeichnung Deutschland Angela Merkel
Германската канцеларка, Ангела Меркел го потпишува Европскиот реформски договорФотографија: AP

Европскиот реформски договор, кој сега треба да биде ратификуван од парламентите на секоја земја членка на унијата одделно. Олеснувањето на лицата на германската канцеларка, Ангела Меркел и министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, беше видливо. Меркел, непосредно пред ставањето потпис на договорот, рече: “Мислам дека е ова ќе биде важен ден за Европа и ќе бидат создадени рпедуслови договорот да биде ратификуван. Верувам дека Европа со овој договор, кога тој ќе стапи на сила, ќе влезе во нова етапа.“


ЕУ ќе биде подготвена за проширување
Со новиот договор од Лисабон, ЕУ ќе биде подготвена за прием на нови членки од Балканот. Во иднина во при донесувањето на повеќе политички одлуки, отколку досега, унијата ќе се раководи според мнозинскиот принцип. Според претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, со новиот договор се надминува конечно поделбата на Европа по втората светска војна: “Првпат земјите кои беа поделени со железната завеса се обединети со договор за кој преговараа самите. Оваа проширена унија ни дава нова политичка, економска и стратешка димензија.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема