1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Патот во ЕУ-историска шанса за Косово и Србија„

Верица Спасовска11 декември 2007

Последниот рок за приближување на ставовите Приштина и Белград заврши безуспешно. ЕУ може да делува само со натамошна отвореност по прашањето на проширувањето за двете страни, смета Верица Спасовска во својот коментар

https://p.dw.com/p/CaBU
Косово жешка тема во ЕУФотографија: AP
Веќе одамна не е прашање дали автономната српска провинција Косово ќе прогласи независност, туку кога. Тоа го знаат и меѓународните посредници, кои подолго време бараат согласност меѓу албанците и србите. И покрај интензивните чекори ставовите на двете страни остануваат непомирливи. Откако добија вербална поддршка од Вашингтон, за косовските Албанци веќе нема повлекување. Независноста нема да донесе само национална самостојност, туку и економски просперитет. За многу Срби кои останаа на Косово тоа ќе биде знак за заминување во Србија. Јазот меѓу Албанците и Србите се` подлабок
EU Flagge Symbolbild Kommission in Brüssel
ЕУ треба да преземе поголема одговорност на КосовоФотографија: AP

Едно е јасно, мултиетничкиот модел околу кој меѓународната заедница се трудеше досега е неуспешен. И покрај меѓународната поддршка јазот меѓу Албанците и Србите во последните години е се` подлабок. Народот, посебно националните малцинства во доминантното со албанци Косово, се чувствуваат небезбедно.

Осум години по интервенцијата на НАТО против режимот на поранешниот диктатор Слободан Милошевиќ , по Црна Гора, Србија го губи и Косово. Многу срби тоа несомнено го доживуваат како национален срам и рефлексно се потпираат на наводниот заштитник, Русија. Останува да се сочека дали Москва сериозно го поддржува Белград, или станува збор за демонстрација на моќ на светската политичка сцена.

Топката е кај ЕУ

Унијата би требала да ја преземе мисијата во покраината од ОН. Во Брисел извлекоа поуки од настаните од последните 15 години и наместо да се натпреваруваат во признавањето на независност, настојуваат да настапат координирано и да овозможат мирен премин во набљудувана независност.
Тоа може да успее доколку не само Косово, туку и Србија добијат јасна перспектива за прием. По години изолација да се стане полноправен член на Европа, тоа би требало да се свати како историска шанса. Претпоставка е дека ЕУ има јасна политика за прием и на соодветен начин ги хонорира постигнувањата на Западен Балкан. Само доколку постои јасна опција за прием во ЕУ, балканот може долгорочно да биде стабилен. Конечно во Европа без граници, прашањето за национални држави кога тогаш ќе стане неважно.