1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Војна во Гaза: Израел нападна позиции на Хамас во училиште

СН/агенции
6 јуни 2024

Според Израел, повеќе борци на терористичката организација биле убиени во операцијата во Појасот Газа. Според Хамас во нападот загинале 27 лица.

https://p.dw.com/p/4giXa
Училиштето во Нусејрат по израелскиот воздушен напад
Училиштето во Нусејрат по израелскиот воздушен нападФотографија: Ali Jadallah/Anadolu/picture alliance

Израелската војска утринава ја презеде одговорноста за воздушниот напад врз училиштето на Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци (УНРВА) во Појасот Газа, каде што тврди дека се криела „база“ на Хамас, и во кој загинале најмалку 27 луѓе. „Воени авиони извршија прецизен удар врз базата на Хамас лоцирана во училиштето на УНРВА во регионот Нусејрат“, соопшти израелската армија, додавајќи дека „се убиени повеќе терористи“.

Терористите на Хамас и на Исламски џихад кои учествувале во нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година дeјствуваа од тој комплекс, соопшти израелската армија.

Gazastreifen Nuseirat | Schule nach israelischem Angriffen getroffen
Фотографија: Bashar Taleb/AFP/Getty Images

Хамас соопшти дека најмалку 27 лица загинале и „многу се повредени“ во нападот на кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

Пред нападот, болницата од вторникот примила тела на најмалку 70 мртви и повеќе од 300 ранети, главно жени и деца, по израелските напади врз централните области на Појасот Газа, соопштија Лекари без граници.