1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаИсланд

Долго очекувана ерупција на вулкан во Исланд

Федерика Баџио
20 декември 2023

Земјата се тресеше со недели, жителите на Гриндавик мораа да ги напуштат домовите. Сега во близина на малото место се отвори километарски вулкански процеп од којшто извира лава. Сликите се спектакуларни.

https://p.dw.com/p/4aNRe

Еруптираше вулкан јужно од Рејкјавик.  

„Фасцинантно е да се види природата на дело. Како на филм!“, вели Роберт Доналд Форестер, турист. 

Луѓето беа подготвени за тоа од средината на ноември, кога властите прогласија вонредна состојба и евакуирани беа 3.400 луѓе. 

Вулканот е на 20 км од Меѓународниот аеродром Рејкјавик. Исланд лежи на врвот на вулканско жариште во северниот Атлантик. Таму во просек има ерупции секои четири до пет години
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема