1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиИсланд

Стотици земјотреси навестуваат вулканска ерупција на Исланд

ЖА
11 ноември 2023

Властите во Исланд од полноќ регистрирале повеќе од 400 земјотреси, од кои 15 со сила меѓу 3 и 4 степени. Превентивно, ноќеска е евакуирана населбата Гриндавик со 3700 жители.

https://p.dw.com/p/4YhIz
вулканска ерупција  Исланд
Блокирани патишта поради евентуална вулканска ерупција на ИсландФотографија: Raul Moreno/SOPA Images/IMAGO

Бројот на потреси на земјиштето во однос на претходниот ден се намалува, исто како и нивниот интензитет, истакнува за радио РУВ денеска експертот Бјари Калдалонос Фриис од Метеоролошката служба. Сепак, научниците не исклучуваат дека може да дојде до вулканска ерупција, доколку земјотресите не престанат.

Превентивно, ноќеска е евакуирана населбата Гриндавик со 3700 жители. Блиската најголема туристичка атракција на островот во Северен Атлантик, термалната бања Сина лагуна, е затворена. Авионскиот сообраќај на меѓународниот аеродром Кефлавик меѓутоа не е засегнат.

Термалната бања Сина лагуна Исланд
Најголема туристичка атракција, термалната бања Сина лагуна, е затворенаФотографија: Blue Lagoon Iceland/dpa/picture alliance

Точниот час на евентуална вулканска ерупција на полуостровот Рекјанес, југозападно од главниот град Рекјавик, не може да се предвиди, истакнува Фриис. Тунелот со магма поминува под Гриндавик, но можно е ерупцијата да се случи под морската вода. Серијата зачестени земјотреси започна пред  околу две и пол недели, оттогаш се регистрирани илјадници потреси. На полуостровот дојде до вулканска активност и во 2021, 2022 година како и летото годинава, таа исто така беше најавена со подолги земјотресни серии. Но, за населените области немаше опасност при овие ерупции.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема