1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиИсланд

Можна ерупција на вулкан на Исланд во следните денови

18 ноември 2023

Експертите сметаат дека е веројатна скора ерупција на вулкан на Исланд, кој веќе со недели е активен. Продолжуваат деформациите на земјиштето и отворањето пукнатини

https://p.dw.com/p/4Z7xj
Исланд вулкан
Се шират пукнатини во земјишната површина кај вулкаот во исландФотографија: REUTERS

Раководителката на Вулканолошкиот оддел при Метеоролошката служба, Кристин Јонсдотир смета дека е  можна вулканска ерупција  во слдните денови. Геофизичарот Бенедикт Офеигсон изјави дека постојат јасни знаци за проширување на тунелот со магма под полуостровот Рејкјанес. Во петокот се регистрирани околу илјада земјотреси, а деформациите на земјиштето и отворањето пукнатини напредуваат, иако побавно. Градот Гриндавик е евакуиран пред една недела, зашто под него кон морето се протега тунел со вулканска магма.