1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

ТВ дуел Харис - Трамп: Прво ракување, па жестоки напади

АРД
11 септември 2024

Дека Доналд Трамп како и обично ќе настапи агресивно на ТВ дуелот против Камала Харис беше очекувано. Но, и демократката жестоко го нападна републиканецот. А модераторите мораа да коригираат и лажно тврдење.

https://p.dw.com/p/4kUQn
Доналд Трамп и Камала Харис на ТВ дуелот во Филаделфија, САД
Доналд Трамп и Камала Харис на ТВ дуелот во Филаделфија, САДФотографија: Win McNamee/Getty Images

Размената на вербални удари беше исклучително, околу 90 минути напади од двете страни, без јасен победник. Доналд Трамп беше уште поагресивен и често изгледаше целосно лут: тој ја нарече Камала Харис радикална левичарка и марксистка, а како потпретседател ја обвини дека е делумно одговорна за инфлацијата во изминатите неколку години и за милиони илегални мигранти. Дури и ако таа сега се обидува да се дистанцира од претседателот Џо Бајден, Харис е синоним за Бајден, тоа е тактиката на  напад на Трамп.  Трамп не само што ги нарече мнозинството имигранти кои дојдоа во земјата како криминалци, туку тој исто така тврди дека некои мигранти „јадат мачки, кучиња и други домашни миленици“ - едно од ретките места каде што модераторите веднаш ја коригираа лажната изјава на Трамп.

„Политичарите ширум светот му се смеат на Трамп“

Харис нагласи дека таа многу патувала низ светот и дека светските лидери „му се смеат на Трамп“. Меѓутоа, диктаторите и автократите би сакале реизбор на Трамп, бидејќи би можеле да бидат сигурни дека ќе можат „да го манипулираат со ласкање и услуги“. Во однос на политиката во одредени теми, Харис го обвини Трамп дека планира даночни намалувања само за богатите, дека не им дава право на жените на абортус дури и во најтешките ситуациици, а во однос на надворешната политика дека сака да ја остави на цедило Украина ако тој биде реизбран. „Да беше Трамп денес претседател, Путин сега ќе седеше во Киев“, рече Харис.

Камала Харис и Доналд Трамп, САД
Жесток вербален дуел меѓу Камала Харис и Доналд ТрампФотографија: Alex Wong/Getty Images

Визија на иднината наспроти дистопија

Дебатата започна со кратко ракување меѓу  Харис и Трамп,  момент на приближување еден кон друг, инициран од Харис, но се чинеше дека Трамп неволно ја пружи раката. Потоа и двајцата преминаа во напад, што траеше до крај на ТВ дуелот. Харис нагласи: „Јас очигледно не сум Џо Бајден. И дефинитивно не сум како Доналд Трамп. Тоа што го нудам е промена на генерациите, ново раководство за нашата земја“. Трамп, од друга страна, во својата завршна изјава ja конфронтираше Харис: ако таа сега ветува ова и она, зошто не го направи тоа во три и пол години како потпретседателка? САД се „земја на неуспех“, изјавиТрамп.

Трамп не се обидува да им се допадне на гласачите од политичкиот центар

Впечатливо беше и тоа што Трамп не се ни обиде да допре до гласачите во политичкиот центар. Харис, пак, се обидуваше токму тоа, нагласувајќи дека таа сака да биде „претседател на сите Американци“. Поп-ѕвездата Тејлор Свифт искажа поддршка на Камала Харис веднаш по дебатата.

Ралф Борхарт, АРД