1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Интервју на Харис и Волц: Палачинки, фрекинг и малку Трамп

АРД | ЕМФ
30 август 2024

Кандидатското дуо на Демократите за претседателските избори во САД, Камала Харис и Тим Волц за првпат дадоа заедничко интервју. Првично пријатната атмсофера се промени кога се стигна до темата фрекинг.

https://p.dw.com/p/4k5Qm
САД претседателски избори кампања Камала Харис и Тим Волц
Камала Харис (д.) и Тим ВолцФотографија: Kamil Krzacynski/AFP

Во „Kim's Café“, семеен ресторан во живописната Савана, во Џорџија, обично е раздвижено. Атмосферата беше фамилијарна и кога во ресторанот седеа само тројца гости: дуото Камала Харис, претседателска кандидатка на Демократската партија, и вице-кандидатот Тим ​​Волц, како и водителката на Си-Ен-Ен, Дејна Беш.

Удобна атмосфера, приватни согледувања

Таа вешто создаде удобна атмосфера за нејзините двајца гости и извлече лични информации од обично прилично затворената и контролирана поранешна јавна обвинителка. Како на пример за моментот кога дознала дека Џо Бајден се повлекува. Харис раскажуваше со хумор како таа судбинска недела седела со своето семејство, јадела палачинки и сланина и местела сложувалка, кога Бајден се јавил и ја информирал за својата одлука. Сцената беше толку живописно пренесена, што човек можеше да помисли дека е таму. Но, политички одлучувачкото прашање - каква улога играла Харис за политичкиот сениор да се убеди на повлекување, не беше одговорено. Харис, профитерка од повлекувањето на Бајден, можеше без потпрашање да тврди дека во тој момент размислувала само за Бајден, а не за себе.

Не изостанаа и неколку жешки теми

Како и да е - со оглед на тоа што атмосферата за разговор беше во голема мера пријатна, Беш можеше да постави и чувствителни прашања. „Flip-Flopping“, промени на мислењето кое таборот на Трамп ужива да ѝ го удира на Харис од глава во секоја прилика. На пример, кога станува збор за жешката тема - фрекинг, што е особено важно во рударската сојузна држава Пенсилванија, без која ниту Харис ниту Трамп не можат да победат. Харис вели дека нема да го забрани контроверзниот метод за добивање гас и нафта. Иако во минатото жестоко го отфрлаше фрекингот од причини за заштита на климата. Тоа можеби беше најслабиот момент на Харис: таа тврдеше дека има континуитет, на крајот на краиштата, вели, про-фрекинг била уште во изборната кампања во 2020 година. Нејзините вредности, тврди Харис, отсекогаш биле исти и тоа е она што е важно.

САД Конвенција на Демократската партија
Фотографија: Alan Freed/REUTERS

Тим Волц негува имиџ на пријател

Тим Волц, кој долго време воздржано седеше до двете жени, во личното презентирање настојуваше да се прикаже како како пријател од соседството. Некој кој зборува разбирлив јазик и го има срцето на вистинското место. А бидејќи Харис и Волц сакаат да бидат гледани како приземјен тандем, актуелната потпретседателка потврдно одговори на прашањето дали во кабинетот ќе внесе некој од спротивниот табор, републиканец. Важно е на маса да се имаат луѓе со широк спектар на мислења во моменти кога се носат важни одлуки, како за зајакнување на средната класа, намалување на трошоците за живот, достапно домување или поддршка на средни бизниси.

Името на Трамп се спомнуваше ретко

Во однапред снименото интервју, искричење има само ретко. На темата политика на Блискиот Исток,Харис ја повтори потребата од решение со две држави. Украина не беше спомната. Кога станува збор за имиграциската политика, Републиканците спречија натпартиски компромис за граничната политика по наговор на Доналд Трамп, рече Харис. Тоа беше едно од ретките места каде се споменуваше името на Трамп. Харис избегнуваше да го спомене својот противник. Но, очекувано, беше поставено прашањето како Харис го доживеа моментот кога Трамп неодамна ја обвини дека таа тврди дека е црнка само од политички причини. Харис самоуверено одговори дека тоа е „добро познат, заморен стратегиски документ на Трамп. Следно прашање, молам!“