1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вулкански хот дог на Исланд

ЖА /ДВ
30 март 2021

Еден човек пече виршли на вулканска лава на полуостровот Рејкјанес, недалеку од Рејкјавик.

https://p.dw.com/p/3rMNP
BdTD I Hotdogs vom Vulkan
Фотографија: Cat Gundry-Beck/REUTERS

Бројни граѓани на Исланд доаѓаат да ја гледаат ерупцијата на вулканот Фаградалсфјал оддалечен само 40 километри од главниот град. Приодот во почетокот беше забранет, но од викендот на населението му е дозволено да тргне во овој несекојдневен поход. Ерупцијата на вулканот уследи по речиси 50.000 регистрирани земјотреси. Но, властите на Исланд, „земјата на оган и мраз“, предупредуваат дека иако ерупцијата е релативно мала, не би требало да се ризикува живот поради неколку фотографии на Инстаграм

Етна - најдобро надгледуваниот вулкан во Европа