1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

40 илјади земјотреси и ерупција

СН/агенции
20 март 2021

Среде ноќ, Фаградалсфјал започна да исфрла фонтани од лава. Малата островска држава Исланд има искуство со вулкански ерупции. Како ќе биде овојпат?

https://p.dw.com/p/3qtuz
Island I Vulkanausbruch
Фотографија: Icelandic Meteorological Office/REUTERS

Во југозападниот дел од Исланд, на полуостровот Рејкјанес, еруптираше вулканот Фаградалсфјал по илјадници мали потреси на ова подрачје во последните недели, соопшти исландскиот метеоролошки завод.

Фаградалсфјал се наоѓа околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкајвик. Полуостровот Рејкјанес е сеизмичко жариште, во кое во последните недели имаше најмалку 40.000 потреси. Целиот авионски сообраќај од меѓународниот аедродром Кефлавик е запрен, а хеликоптер со стручни лица испратен за да се процени опсегот на ерупцијата, морал да се врати поради непосредна опасност.

Ерупцијата на Фаградалсфјал ги враќа сеќавањата на силната ерупција на исландскиот вулкански глечер Ејафјалајокул пред десет години. Облакот од пепел од ерупцијата висок повеќе километри го парализираше меѓународниот воздушен сообраќај во Европа за еден месец во април 2010 година. Во тоа време мораа да бидат откажани повеќе од 100.000 летови, а околу десет милиони патници беа заглавени на аеродромите, некои од нив со денови.