1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
НаукаГлобално

Нобелова награда за медицина 2024 за откривањето на микроРНК

ЖА
7 октомври 2024

Нобеловата награда за медицина за 2024 година оди во рацете на Виктор Амброс и Гери Равкин. Американските научници се одликувани за откритието на микроРНК и нејзината улога во регулацијата на гените.

https://p.dw.com/p/4lUYv
Американските научници Виктор Амброс и Гери Равкин се добитници на Нобеловата награда за медицина за 2024 година
Американските научници Виктор Амброс и Гери Равкин се добитници на Нобеловата награда за медицина за 2024 година Фотографија: Steffen Trumpf/dpa/picture alliance

Виктор Амброс и Гери Равкин годинава ја добиваат Нобеловата награда во категоријата медицина, соопшти Институтот Каролинска во Стокхолм.

Американскиот биолог Амброс и американскиот генетичар Равкин се наградени за нивниот придонес во откривањето на микроРНК и нејзината улога во регулацијата на посттранскрипциските гени. МикроРНК се специјални молекули на РНК кои играат важна улога во регулирањето на активностите на гените. Истражувањето е важно бидејќи овозможува да се извлечат важни заклучоци за развојот и функцијата на организмите.

Виктор Амброс (роден 1953 година) работи на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Масачусетс, Гери Равкин (роден 1952 година) на Медицинскиот факултет Харвард и во Општата болница во Масачусетс.

Нобеловата награда меѓународно се смета за една од најважните научни награди. Минатата година, унгарската биохемичарка  Каталин Карико и американскиот имунолог Дру Вајсман  беа наградени за нивните достигнувања во истражувањето на мРНК. Притоа, тие ја поставија основата за развој на мРНК вакцини против  Ковид-19.