1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
НаукаГлобално

Нобелова награда за медицина за палеогенетичарот Сванте Пабо

ЖА / агенции
3 октомври 2022

Шведскиот научник е одликуван со Нобеловата награда за медицина за 2022 година за неговите пионерски откритија во областа на човековата еволуција. Сванте Пабо е првиот научник кој секвенционираше геном на неандерталец.

https://p.dw.com/p/4Hgq8
Сванте Пабо, годинешен добитник на Нобеловата награда за медицина
Сванте Пабо, годинешен добитник на Нобеловата награда за медицинаФотографија: Christian Charisius/dpa/picture alliance

Нобеловата награда за психологија и медицина годинава му е доделена на шведскиот научник Сванте Пабо за посебни заслуги во разјаснувањето на човековата еволуција, соопшти  Каролинска институтот од Шведска.

Пабо е директор и научен соработник за еволуциска антропологија во Институтот Макс Планк во Лајпциг и меѓу другото како прв научник секвенционираше геном на неандерталец.

Нова научна дисциплина

Неговите пионерски истражувања доведоа до создавање на новата научна дисциплина – молекуларна археологија или палеогенетика, се вели во образложението на Нобеловиот комитет. Преку разоткривањето на генетските разлики на сите живи луѓе од поранешната човечка популација со нејзините форми, неговите резултати создадоа основа за истражување на она што е суштинска карактеристика на луѓето. 

Кога го добил телефонскиот повик со известување за неговиот избор, Пабо останал без зборови и бил неизмерно радосен, изјави секретарот на Нобеловиот комитет на Каролинска институтот во Стокхолм, Томас Перлман. Научникот прашал дали смее веста да му ја соопшти некому, по што Перлман му одговорил – да, можете да и` кажете на сопругата.

Награда дотирана со десет милиони круни

Најпрестижното признание за медицина  годинава е дотирано со десет милиони круни (околу 920.000 евра). Од 1901 година наградата за медицина досега ја добиле 224 луѓе, од кои десет жени.

Свеченото врачување на  Нобеловата награда  за сите области ќе биде извршено на 10 декември, согласно на традицијата, на денот на смртта на основачот на фондот за Нобеловата награда, Алфред Нобел.