1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
НаукаГлобално

Нобелова награда за медицина за Каталин Карико и Дру Вајсман

ЖА
2 октомври 2023

Нобеловата награда за медицина годинава ја добија Унгарката Каталин Карико и Американецот Дру Вајсман за придонес во развојот на мРНА вакцините против Ковид, соопштија од Институтот Каролинска во Стокхолм

https://p.dw.com/p/4X2pr
Нобеловата награда за медицина годинава ја добија Каталин Карико и Дру Вајсман за придонес во развојот на мРНА вакцините
Нобеловата награда за медицина годинава ја добија Каталин Карико и Дру Вајсман за придонес во развојот на мРНА вакцинитеФотографија: JONATHAN NACKSTRAND/AFP

Каталин Карико, по потекло од Унгарија, и нејзиниот колега од САД, Дру Вајсман, се одликувани „за нивните откритија за промените во нуклеобазите што овозможија развој на ефективни вакцини со мРНА против КОВИД-19“, соопшти Нобеловиот комитет во Стокхолм. Технологијата мРНА го отвори патот за вакцините против коронавирус од  компаниите Бионтек/Фајзер  и Модерна. Каталин Карико е професор на Универзитетот Саган во Унгарија и предавач на Универзитетот во Пенсилванија. Дру Вајсман го спроведе своето истражување со Карико на Универзитетот во Пенсилванија.

Минатата година Нобеловата награда за медицина му беше доделена на  Швеѓанецот Сванте Пабо, кој работи во Институтот за еволутивна антропологија Макс Планк во Лајпциг. Тој беше награден за неговите револуционерни наоди за човековата еволуција. Од првата награда во 1901 година, вкупно 225 луѓе ја добиле  Нобеловата награда за медицина.

Сезоната на Нобеловата награда го следи истиот модел секоја година: по категоријата медицина, објавувањето на наградите за физика и хемија се одржува во вторник и среда, по што следи Нобеловата награда за литература во четврток. Годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир ќе биде избран во петок - ова е единствената Нобелова награда што нема да биде објавена во шведскиот главен град Стокхолм, туку во норвешката престолнина Осло. Во Стокхолм, во понеделник следната недела ќе следи Нобеловата награда во категоријата економија.

Доделување на наградата на 10 декември

Нобеловите награди се востановени од пронаоѓачот на динамитот и донатор на наградата, Алфред Нобел (1833-1896). Тие се наменети за одликување на оние кои дале најголема корист за човештвото во секоја категорија во претходната година. Наградите традиционално се доделуваат на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел.

Едно нешто е поразлично оваа година отколку во претходните години: паричната награда распределена по категорија е зголемена од Нобеловата фондација за еден милион шведски круни, на околу единаесет милиони круни. Според последниот курс тоа е околу 950.000 евра.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи