1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот гласаше за зајакнување на ЕФСФ

26 октомври 2011

Германскиот парламент денеска го големо мнозинство го усвои предлогот за проширување на постојаниот фонд за спас на еврото- ЕФСФ, непосредно пред Самитот на ЕУ во Брисел, клучен за судбината на заедничката валута.

https://p.dw.com/p/12zfK
Германските пратеници за време на денешното гласањеФотографија: dapd

Германскиот Бундестаг со широко мнозинство застана зад плановите на канцеларката Ангела Меркел за справување со должничката криза во еврозоната. 503 од вкупно 596 пратеници во германскиот парламент денеска гласаа за соодветната предлог- одлука на владата, кој меѓу другото предвидува проширување на Фондот за спас на еврото, ЕФСФ, за дополнителни стотици милијарди евра.

Со „не“ гласаа 89 парламентарци, а четворица се воздржаа од гласање. Откако претходно членовите на владината коалиција составена од партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и Либералната партија усогласија заеднички предлог текст со припадници на опозициските партии на Социјалдемократите и на Зелените, беше очекувано предлогот да добие широко мнозинство. Пратениците на опозициската Партија на левицата уште претходно најавија дека решително се спротиставуваат на тоа.

Силен мандат за Меркел на Самитот на ЕУ

Deutschland Finanzkrise Euro Angela Merkel Regierungserklärung im Bundestag
Канцеларката Меркел при обраќањето до БундестаготФотографија: dapd

Во одлуката на Бундестагот меѓу другото се наведува дека со реформата на ЕФСФ отпаѓа неопходноста за продолжување на откупувањето на државни обврзници од презадолжените земји од еврозоната од страна на Европската централна банка. Од германската влада покрај тоа се бара ЕФСФ да не биде финансиран преку средства од Централната банка. Истотака владата треба да ги форсира настојувањата за воведување на данок за финансиски трансакции во рамките на ЕУ.

По оваа одлука на Бундестагот канцеларката Меркел заминува со силен мандат на еден од најважните Самитот во историјата на ЕУ . Таа добива поголем маневарски простор за одлучување на самитот во Брисел, на кој треба да биде донесена одлука за јакнење на реформираниот европски Фонд за спас на еврото. Од неа меѓутоа се бара да покаже лидерство во спорот околу најдобриот излез од должничката криза, кој и натаму тлее меѓу земјите членки.

Меркел денеска пред гласањето во Бундестагот апелираше за спас на еврото. Европа мора да излезе засилена од должничката криза, како стабилна унија, истакна канцеларката.

Меркел: Нема алтернатива за проширувањето на ЕСФС

Според Меркел зајакнувањето на Постојаниот фонд за спас на еврото ЕФСФ е без алтернатива.

„Ризикот од еден таков чекор е прифатлив. Многу повеќе неприфатливо и неодговорно би било да не се направи тој чекор. Подобра и поразумна алтернатива од проширувањето на ЕФСФ нема“, рече канцеларката пред Бундестагот.

Таа истакна дека постои историска одговорност да се бранат достигнувањата на Европа и тие да се заштитат, бидејќи она што е добро за Европа истотака е добро за Германија. Меркел уште еднаш апелираше: „ Ако пропадне еврото пропаѓа и Европа, а тоа не смее да се случи“.

Автор: Симе Недевски/ЖА/дпа/афп/ртр

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи