1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Сега или никогаш за спас на еврото

26 октомври 2011

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска порача дека на фундаменталната слабост на еврозоната мора да се одговори веднаш. Таа говореше пред Бундестагот воочи клучниот Самит на ЕУ попладнево (26.10.2011) во Брисел.

https://p.dw.com/p/12zVR
Германската канцеларка Ангела МеркелФотографија: dapd

Германската канцеларка Ангела Меркел пред почетокот на, за доцна попладне закажаниот вонреден самит на ЕУ апелираше за спас на еврото. Европа мора да излезе засилена од должничката криза, како стабилна унија, истакна Меркел во владината изјава пред пратениците во германскиот парламент.

Според Меркел зајакнувањето на постојаниот фонд за спас на еврото ЕФСФ е без алтернатива.

Она што е добро за Европа е добро и за Германија

„Ризикот од еден таков чекор е прифатлив. Многу повеќе неприфатливо и неодговорно би било да не се направи тој чекор. Подобра и поразумна алтернатива од проширувањето на ЕФСФ нема“, рече канцеларката пред Бундестагот.

Deutschland Finanzkrise Euro Angela Merkel Regierungserklärung im Bundestag
Канцеларката Меркел говореше пред Бундестагот воочи Самитот на ЕУФотографија: dapd

Таа истакна дека постои историска одговорност да се бранат достигнувањата на Европа и тие да се заштитат, бидејќи она што е добро за Европа истотака е добро за Германија. Меркел повтори дека ако пропадне еврото пропаѓа и Европа, а тоа не смее да се случи.

„Фундаменталната слабост и дупките во конструкцијата на економската и монетарна унија или ќе се решаваат сега или јас велам ’никогаш’“, порача Меркел.

Пратеничките групи на владејачките партии, но и на опозиционите Социјалдемократи и Зелените најавија поддршка на предлогот на Меркел за да и‘ овозможат маневарски простор за одлучување на самитот на ЕУ во Брисел. На него треба да биде донесена одлука за јакнење на реформираниот европски Фонд за спас на еврото.

Автор:СН/АT/дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска