1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три бури во три дена

СН/агенции
18 февруари 2022

Затишје пред бура, во буквална смисла на зборот, вледее во Германија. По налетот на „Ксандра“ и „Иленија“ денеска се очекува зимскиот оркан „Зејнеп“.

https://p.dw.com/p/47Cud
Паднато дрво на регионален пат во Германија по налетот на зимската бура „Иленија“
Паднато дрво на регионален пат во Германија по налетот на зимската бура „Иленија“ Фотографија: Tim Oelbermann/imago images

Прво во средата „Ксандра“, потоа вчера протатне „Иленија“ а сега се заканува „Зејнеп“. Во последните три дена Германија е погодена од своевиден „синџир“ на зимски бури. И ако „Ксандра“ мина релативно умерено, во налетот на  „Иленија“ со ветришта над 100 километри на час беа предизвикани големи материјални штети, застој во патниот и железничкиот сообраќај, но имаше и човечки жртви

Најмалку тројца возачи во  германските покраини Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт загинаа во несреќи поврзани со опасните временски услови предизвикани од „Иленија“ - двајца загинале откако врз нивните автомобили паднале дрва, а третиот загинал кога силниот ветер ја оттурнал неговата приколка на спротивната лента и дошло до сообраќајна несреќа.

И сега претстои „Зејнеп“ . Германската метеоролошка служба за денеска од пладне издаде предупредувања за опасни временски услови. Се прогнозира дека  орканот „Зејнеп", ќе биде најсилен досега со веројатна брзина на ветерот од над 120 километри на час, особено на северот на земјата