1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Германија под налет на силни ветрови

ЖА / агенции
17 февруари 2022

Одделни делови од Германија од ноќеска се погодени од невреме проследено со дожд и ветрови и до 152 километри на час.

https://p.dw.com/p/4797b
Sturmtief Ylenia – Harz
Фотографија: Matthias Bein/dpa/picture alliance

Ураганскиот циклон „Илениа“ ја погоди Германија и донесе силно невреме во неколку сојузни покраини, пред сѐ во Хесен, Саксонија, Бранденбург, Северна Рајна Вестфалија и Мекленбург-Предна Померанија.

Полицијата и противпожарните служби јавуваат за откорнати дрвја и сообраќајни несреќи. Германската железница до пладне целосно го прекина сообраќајот во северниот дел од земјата. Во Харц, каде врне и обилен дожд, според Германската метеоролошка служба, ноќеска дувал ветар со сила од 152 километри на час. Властите во повеќе градови предупредуваат од одење во паркови или шуми поради опасност од паѓање на дрвја. Луфтханза откажа околу 20 летови од Франкфурт кон Берлин, Хамбург и Минхен поради невремето. Во најбројната германска сојузна покраина, Северна Рајна Вестфалија денеска се затворени училиштата, а покраинската влада ги повика родителите да не го носат децата во градинка.

     

Deutschland | Sturmtief Ylenia - Hamburg
Рибниот пазар во Хамбург под вода поради невреметоФотографија: Daniel Bockwoldt/dpa/picture alliance