Српскиот парламент усвои Декларација за Косово
31 јули 2011Собранието на Србија доцна синоќа усвои Декларација за Косово. Со Декларацијата се осудува секое насилство и се повикува на мирно решавање на кризата на Косово како и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.Со деклрацијата истовремено се повикува меѓународната заедница да го осуди секој едностран потег, кој го загрозува успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Во Декларацијата се неведува дека Владата на Србија се обврзува да бара од меѓународните мисии, во согласност со нивниот мандат и Резолуцијата 1244 да не дозволат еднострани активност на привремените институции во Приштина со кои се загрозува мирот и стабилноста и можноста за изнаоѓање решение.
Во Декларацијата парламентот констатира, дека одредени меѓународни мисии со некои свои активност ги кршеле рамките на Резолуцијата 1244 со што се загрозуваат правата на српското население и интересите на Србија на Косово.
Од вкупно 207 присутни пратеници, за усвојувањето на Декларацијата гласаа 181 пратеник, 20 беа против, четворица воздржани, а двајца не гласаа.
Тадиќ: Мирот нема алтернатива
Претседателот на Србија Борис Тадиќ на седницата на Собранието за кризата на Косово порача дека најважна задача на Србија е да обезбеди мир.
„Србија сака мир за сите луѓе на просторот на Југоисточна Европа. Мирот нема никаква атернатива“, изјави Тадиќ и повтори дека Србија нема да води војна, туку ќе продолжи да ги решава проблемите на начин кој обезбедува мир и стабилност за сите граѓани. Тој побара од меѓународната заеднициа да воспостави ситуација на Косово, каква што била пред интервенцијата на косовската полиција на северот на Косово.
Тадиќ повтори дека Србија во никој случај нема да го признае Косово, и дека дијалогот со косовските Албанци ќе ги реши проблемите на Косово.
Автор: АТ/ СН/бета/ макфакс
Редактор: Симе Недевски