1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расте гневот кон мексиканската влада

Мартин Полански (ард)/ А.Трајковска10 ноември 2014

По едно неделен марш за солидарност за 43 убиени студенти демонстрантите стигнаа во главниот град Мексико. Признанијата на членови на еден нарко -картел повторно предизвикаа насилни протести.

https://p.dw.com/p/1Dk6Y
Mexiko-Stadt Proteste und Gewalt nach mutmaßlicher Ermordung vermisster Studenten 08.11.2014
Фотографија: Reuters/E. Garrido

Сцени на гнев и насилство: повеќе десетици млади Мексиканци се обидуваа да ја скршат дрвената порта на националната палата среде главниот град. Летаа и молотови коктели. Историската зграда на главниот плоштад не е седиштето на владата, туку има пред сѐ репрезентативен карактер. Но, сликите јасно покажуваат: гневот е насочен против мексиканската влада, против државниот апарат.

Главниот државен обвинител во петокот соопшти дека 43-та студенти од Ајотцинапа кои беа одвлечени од полицијата, постои можност да се починати - убиени и изгорени од нарко-гангстери. Имало признанија за тоа, а биле пронајдени и мртви тела.

18 млади луѓе кои беа вклучени во нападот врз националната палата се уапсени. Некои во меѓувреме се повторно пуштени на слобода, меѓу нив и Хуан Франциско Манрике кој вели: „Задоволен сум оти знам дека ја имам поддршката од сите мои пријатели. Не можеме уште долго да седиме мирни“.

Нарушен угледот на мексиканската влада

Портата на националната палата остана неоштетена, и покрај нападот. Но, угледот на мексиканската влада, на државата целосно поради 43 студенти од Ајотцинапа е на најдолна можна точка. Претседателот Енрике Пења Нето и покрај тоа замина на повеќедневна турнеја во Азија. Станува збор за економски врски. На пат кон Азија Пења ги осуди нападите врз националната палата: „Ајотцинапа е повик кон правосудството, слободата и единството. Нема повик за насилство и конфронтација“.

Насилниот протест досега потекнува од мало, радикално малцинство. Како во главниот град на Мексико, така и во сојузната држава Гереро, каде изминатиот викенд беше нападната по вторпат во рок од три недели.

За растењето на гневот во Мексико придонесе и една кратка реченица на генералниот државен обвинител Хесус Мурило, кога објави дека можеби се убиени студентите и несакајќи да слушне натамошни прашања рече "Ya me cansé" - односно „Доста ми е“. На социјалните мрежи веднаш се реагираше. На Твитер веќе се пишува „Ако ти е доволно, зошто не поднесеш оставка“ или „Мене ми е доволно да живеам во злосторничка држава“.

Според мексиканските медиумски извештаи само оваа година се откриени повеќе од 600 луѓе во масовни гробници. 20.000 луѓе во Мексико едноставно исчезнаа во изминатите години - речиси никогаш немаше сериозна истрага по нив.