1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвав терористички петок

СН/ртре/дпа/афп/дњ26 јуни 2015

Кувајт, Франција,Тунис. Три терористички напади на три различни места во светот, во рок од неколку часа. Најмалку 54 лицa загинаa денеска во теророт кој најверојатно има исламистичка заднина.

https://p.dw.com/p/1Fo6B
Фотографија: Getty Images/AFP/Y. Al-Zayat

Три смртоносни напади го потресоа светот денеска во рок од неколку часа. Сето упатува на исламистичка заднина. Според последните информации најмалку 25 луѓе загинаа во експлозијата за време на традиционалните петочни муслимански молитви во Кувајт, најмалку 28 лица го загубија животот врз нападот врз хотел полн со туристи во Тунис, а во Франција во фабрика во близина на Лион еден човек е обезглавен а уште неколку се повредени.

Напад врз шиитска џамија во Кувајт

Бомбаш самоубиец , најверојатно припадник на терористичката Исламска држава се разнесе себеси во шиитска џамија во главниот град на Кувајт, Кувајт сити, притоа убивајќи најмалку 25 лица, Преки 200 се повредени, говорат најновите информации на министерството за внатрешни работи во Кувајт сити. Нападот се случил во моментот кога 2000 верници биле собрани на петочна молитва во џамијата. Исламската држава је презеде одговорноста за напaдот. Во соопштението од ИД објавено на социјалните мрежи се наведува дека напаѓачот се викал Абу Сулејман ал Муахид и оти нападот бил насочен врз „храм на оние кои ја отфрлаат правата вера“ односно кон шиитите.

Сунитските екстремисти во соседен Ирак под своја контрола имаат големи делови од земјата и таму прогласија Калифат- посебна форма на божја држава. За разлика од Ирак во Кувајт досега во најголема мерка имаше мирен соживот меѓу шиитите и сунитите.

Терор во тунискиот туристички рај

Во нападот врз хотелот-резорт Империјал Мараба во познатото туристичко место Сус во Тунис според наводите на Министерството за внатрешни работи на Тунис, загинаа најмалку 28 луѓе, а повредени се околу сто. Меѓу жртвите има и Германци, Британци и Белгијци, соопшти туниското министерство за здравство. Иако најнапред се говореше за двајца напаѓачи, тунискиот државен секретар за безбедност Рафик Чели подоцна изјави дека се верува оти станувало збор само за еден напаѓач, облечен како за на плажа кој отворил оган на просторот меѓу два хотела. Таму дошло до престрелка со полицијата. Притоа напаѓачот бил убиен. Чели соопшти дека напаѓачот бил туниски студент кој претходно не и бил познат на полицијата.

Anschlag auf Marhaba Hotel in Sousse Tunesien mutmaßlicher Täter
Фотографија: Reuters/Amine Ben Aziza

Во март годинава, во напад врз Бардо-музејот во главниот град на Тунис беа убиени повеќе од 20 странски туристи. Исламската држава тогаш презеде одговорност за делото, но има и знаци дека зад тоа може да стојат луѓе од Ал Каеда. Тоа беше најтешкиот напад во Тунис по повеќе од една деценија.За разлика од земји како Либија, Сирија или Египет, Тунис, по востанијата од т.н. Арапска пролет, долго време беше мирен.

Напад во француска фабрика со терористичка заднина?

Во округот на фабрика за гас во Сен Кантен Фалавиер, во близина на францускиот град Лион, во наводен џихадистички напад денеска е убиено едно лице, а неколку се повредени.

Наводните убијци, според полициски извори, со возило насилно влегле во дворот на фабриката. Прво беше уапсен еден осомничен за убиството, кој претходно и‘ бил познат на полицијата. Потоа бил уапсен и втор осомничен кој веројатно го возел автомобилот-бомба, што експлодира во фабриката за гас во Сен Кантен Фалавие, а кратко потоа и сопругата на првоуапсениот.

Frankreich Anschlag bei Grenoble
Фотографија: Reuters/E. Foudrot

Нападот бил извршен од 35-годишен маж со име Јасин Сали. Новинската агенција Франс прес јави дека напаѓачите носеле исламистички знамиња. Францускиот претседател Франсоа Оланд говореше за терористички напад.

Пред шест месеци Франција беше потресена откако исламисти убија 12 новинари во канцеларијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз.

Европските лидери собрани на клучниот самит за грчката криза во Брисел денеска ги осудија „ужасните напади“ во Франција , Кувајт и Тунис и порачаа дека ќе го продолжат заедничкиот фронт против „варварството“