1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган во огледало гледа султан

СН/бц/фац/длф12 август 2015

По смртоносната серија напади во Турција, воената авијација ги нападна позициите на забранетата курдска партија ПКК. Еве како за политиката на Турција и на претседателот Ердоган пишуваат германскиот медиуми.

https://p.dw.com/p/1GDpm
Фотографија: Getty Images/AFP/Adem Altan

Берлинер Цајтунг пишува: Единаесет години- од 2003. до 2014. , Реџеп Таип Ердоган беше премиер на Турција. Претседатели на државата во тој период беа, најнапред Ахмед Неџет Сезер, а потоа Абдула Ѓул- имиња кои малку кој ги запамти. Од минатата година. Ердоган е претседател на државата. Премиер е Ахмет Давутоглу- а кој знае за него? Турската политика и натаму ја води Ердоган, дури и ако мора да има повеќе обѕис кон премиерот, кој е и шеф на владејачката партија, АКП. Ердоган сака да ѝ стави крај на таквата состојба; од Турција наместо парламентарна да направи претседателска република. А бидејќи прокурдската партија ХДП на изборите во јуни му ги амрси сметките и оневозможи апсолутно парламентарно мнозинство за АКП, тој сега бара нови избори.“

„Интернет порталот Хафтингтон пост смета дека Ердоган намерно сака да ја турне својата земја во хаос, за да си го осигура неговото натамошно владеење (...) колку земјата е понестабилна, толку на Ердоган му е полесно да инсценира колку е силен“... затоа и се откажа од мировниот процес со Курдите. Во негов интерес е да докаже дека националната безбедност е загрозена, смета и италијанскиот весник Ил Фато Квотидијано. Турското објавување на војна на Курдите и на Исламската држава освен тоа е и одговор на нуклеарниот договор со Иран. Тоа што САД се одлучија за намалување на напрегнатоста со влијателен историски непријател, како што е Техеран, ја поттикна Анкара да го потсети Вашингтон дека и Турција е во состојба да влијае врз осносите на моќ во регионот, го цитира Берлинер Цајтунг, политикологот Валерија Ѓаноти.

„Турската економија е на прагот на несигурни времиња, ама се надева на нови зделки со Иран“, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг:„ И турската влада неодамна мораше да признае дека новото распламтување на војната со ПКК има своја економска цена. Додека државата уште преговараше со ПКК, Анкара се обиде да им објасни на граѓаните дека продолжувањето на судирите може скапо да ги чини сите Турци. Една студија на министерството за економија покажа дека судирот во Турција со децении ја чинеше таа земја половина процент економски раст годишно. Само турската војска мораше да потроши дополнителни 160 милијарди евра, пишува во студијата. На Турците им е речено дека економските загуби настанати поради конфликтот соодветствуваат на изградбата на 150 брзи пруги меѓу Анкара и Истанбул, на цената на една кужа и еден автомобил за секое турско семејство и дополнителна годишна заработувачка од околу 2000 евра.“

„И покрај сѐ нема само лоши вести, бидејќи покрај грижите поради Курдите, тука се и надежите во- Иран. Крајот на санкциите против Иран им дава крила на надежите на многу бранши дека ќе можат да прават зделки во соседната земја и покрај разликите во политичките ставови. Турско-иранскиот трговски договор предвидува меѓусевно намалување на царините и зголемување на извозот. Турската хемиска индустрија, машиноградбата, индустријата за челик, како и извозниците на текстил и шпедитерите се посебно заинтересирани за инвестиции и деловно работење во Иран. Турските производители на опрема за домаќинство и повеќе трговски синџири коваат планови за отворање на 500 подружници во Иран. Според наводите на турското министерство за економија, обемот на трговијата меѓу двете држави од сегашните 14 милијарди евра во наредните две години треба да се зголеми на повеќе од 35 милијарди евра.“

Symbolbild deutsche Presse Presseschau
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германското радио Дојчландфунк на својот интернет-портал се прашува: „ Дали фантазиите за моќ на Ердоган ќе пукнат како меур од сапуница? или: може ли неговата партија да го поврати теренот изгубен на изборите?- Тоа тешко дека ќе успее, бидејќи претседателот во својот прв мандат потцени еден факт: дека многу луѓе во Турција повеќе не му веруваат ни нему ниту на неговата партија, како порано . Дури и Турците кои не ги интересира проблемот со Курдите, сега прашуваат: Зошто Ердоган поенергично не ја напаѓа ИД, туку само ПКК? Тие се сомневаат во својот претседател, и почнуваат да увидуваат дека нивната демократија полека пропаѓа. А тоа не е добро ни за правната држава ни за стопанството, ниту за безбедноста. Демократски го избраа претседателот- тој не е султан... Можеби Ердоган би требало помалку да се гледа во огледало.“