1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Турција ја поддржува ИД“

Даниел Хајнрих/сн10 август 2015

Курди од цела Германија за време на викендот протестираа во Келн против нападите на Турција врз курдските подрачја во северн Ирак. На демонстрациите беше и политичарката на прокурдската партија ХДП, Фиген Јукседаг.

https://p.dw.com/p/1GCXv
Фотографија: DW/C. Bleiker

Дојче веле: Госпоѓо Јуксекдаг, како ја оценувате актуелната антитерористичка борба во Турција?

Фиген Јукседаг: Борбата која ја води турската влада не се води јасно против терористичката милиција Исламска држава (ИД), туку против курдските сили. Во последните три години Турција ја поддржува ИД. Тие борци се обучуваат во тренинг-центри во Турција и потоа се испраќаат преку граница

Вие тврдите дека турската влада ја поддржува ИД?

Да. Иако турската влада жестоко го негира тоа, но ние имаме докази: изјави на сведоци и документи за испорака на оружје. Владата во Анкара ја преферира ИД како сосед на Турција. Таа не сака соседи Курдите да и’ се од Сирија, туку го фаворизира калифатот. Постои стратешка и идеолошка блискост меѓу турската влада и ИД. Поради таа причина актуелните напади не се против ИД, туку против курдското движење. Изборите, кои се одржани на 7. јуни и успехот на ХДП беа јасен пораз за владејачката партија.

Постојат обвинувања, дека политичарите од курдско потекло во партијата ХДП која е основана во Турција, се блискидо забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК). Што велите вие за тоа?

Ние во ХДП немаме никаква врска со ПКК и апсурдно е ние уште да треба поднесуваме некакви докази за тоа. Ние на парламентарните избори добивме 13 насто од гласовите. За време на двомесечната изборна кампања која ја водевме, 7 активисти на ХДП се убиени. До денес никој од одговорните не е изведен пред лицето на правдата. Убиените не беа луѓе кои имаа оружје во рацете и водеа заеднички операции со ПКК или нешто слично. ПКК е национално движење за ослободување. Истовремено, тоа е движење кое застапува демократија и рамноправност. Ние не се согласуваме со сретствата кои тие ги користат за тие цели, но ние мораме да признаеме и тоа дека нивната програма не е терористичка.

Türkei Figen Yuksekdag in Ankara
Фиген Јукседаг од прокурдската парија ХДПФотографија: A. Altan/AFP/Getty Images

Како би требало во овој конфликт да се однесуваат ЕУ, НАТО и Германија?

Војната во регионот би можела да предизвика војна на целиот Блиски Исток. Меѓународната заедница затоа би требало да побара од турскиот претседател Ердоган и неговата партија АКП да се вратат на преговарачка маса кога станува збор за курдското прашање.

Се зборува за нови избори. Што мислите Вие за тоа?

Нам не ни останува ништо друго отколку да го повториме нашиот успех. Турската влада ја започна војната, за да постигне ние на можните нови избори да оствариме резултат под изборниот праг од 10 проценти. Ние не сакавме тоа да биде така, но во Турција транзицијата кон демократија оди многу тешко. Ние како независна демократска партија на можните нови избори цврсто ќе се држиме до нашите цели и ќе се обидеме да напредуваме.

Фиген Јуксекдаг е пратеник во турскиот парламент и копретседателка на прокурдската партија ХДП.