1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Германското обвинителство „контаминирано“ од нацисти

БГ /АФП
18 ноември 2021

Германскиот правосуден систем бил преполн со нацисти се до средината на 1970-те години, се наведува во истрагата спроведена во државните институции. Последниот обвинител со фашистичко минато си заминал дури во 1992

https://p.dw.com/p/43C9i
Zweiter Weltkrieg | "Anschluss" Österreich an Nazi-Deutschland - Adolf Hitler
Фотографија: picture-alliance/Keystone/Photopress-Archive

Во студијата на 600 страници наречена „Државната безбедност во Студената војна“, историчарот Фридрих Кислинг и професорот по право Кристоф Заферлинг се фокусирале на периодот од раните 1950-ти до 1974 година. Нивното истражување открива дека меѓу 1953 и 1959 година, три од четири водечки функционери во сојузното обвинителство и припаѓале на нацистичката партија. Повеќе од 80 проценти од вработените претходно биле дел од правосудниот апарат на Адолф Хитлер, и притоа останале во мнозинство во институциите се до 1972 година.

„Во суштина сите тие биле многу способни адвокати, но во позадината на сето тоа се смртните пресуди и расните закони во кои биле вмешани“, рече Маргарета Зудхоф, државен секретар во германското министерство за правда при претставувањето на извештајот. 

„Тоа се вознемирувачки контрадикции на кои нашата земја долго остана слепа“.

Последниот обвинител со фашистичко минато си заминал дури во 1992, две години по повторното обединување на Германија. 

Symbolbild Berlin Mutmaßlicher syrischer Kriegsverbrecher in Berlin festgenommen
Меѓу 1953 и 1959 година, три од четири водечки функционери во сојузното обвинителство и припаѓале на нацистичката партијаФотографија: Uwe Anspach/dpa/picture alliance

Нацистичко минато 

„Немаше ни прекин, а не пак свесно раскинување со нацистичкото минато“ во сојузното обвинителство, заклучуваат авторите на студијата, посочувајќи на „големиот и долг континуитет“ на сочуваните функции и високиот број на функционери учесници во режимот на Хитлер. 

Студијата беше нарачана од главниот јавен обвинител Петер Франк во 2017 година. Сојузното обвинителство е една од најмоќните институции во Германија која се занимава со најсериозните случаи на национална безбедност како тероризам и шпионажа. Истражувачите добија неограничен пристап до стотици документи кои биле означени како тајни по војната, и открија дека искоренувањето на наводните комунисти имало приоритет над другите закани, вклучително и оние од крајната десница. 

Мојот татко нацист

„Во 1950-те јавното обвинителство имало воена мисија- не легална, туку политичка: да ги прогонува сите комунисти во земјата“, коментираше весникот Зидојче Цајтунг. 

Рециклирање на нацистички функционери  

Фактот дека Западна Германија ги користела поранешните функционери од нацистичкиот режим во својата повоена администрација е одамна познат. На пример, Ханс Глобке му беше шеф на кабинетот на канцеларот Конрад Аденауер меѓу 1953 и 1963 година, и беше задолжен за кадровските решенија.

Но, Глобке беше и висок службеник во министерството за внатрешни работи во ерата на нацизмот и беше вклучен во донесувањето на Нирнбершките расни закони со кои им се наметнаа големи ограничувања на Евреите. 

Konrad Adenauer und Hans Globke
Конрад Аденауер и Ханс Глобке во 1963 година. Фотографија: picture-alliance/dpa

Последниве години, систематското истражување на минатото во повеќе клучни министерства и институции откри проблематично и претходно скриено ниво на „рециклирање“ на функционери од Третиот рајх во повоените децении.

Владин извештај од 2016 откри дека во 1957 година, повеќе од една деценија по крајот на војната, околу 77 проценти од високите функционери во Министерството за правда биле членови на Нацистичката партија. Студијата, која исто така беше изработена од Заферлинг, откри дека бројот на поранешни нацисти во министерството не само што не се намалил по падот на режимот, туку и се зголемил во текот на 1950-те години.

Дел од оправдувањето била цинична прагматичност: на новата република и биле потребни искусни државни службеници за создавање на западно-германскиот правен систем.

Притоа, и приоритетите на Сојузниците кои победија во војната и ја „ослободија“ државата од нацистите се променија брзо по почетокот на Студената војна. По првичната денацификација на Западна Германија, целите брзо се насочија кон одбрана од комунистичката закана. Таквиот пристап значеше и замижување пред улогата на некои Германци во хитлеровиот режим.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема