1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ дозволи уште два инсекти во исхраната

Тагесшау
4 февруари 2023

Што точно е дозволено, кои се хранливите придобивки од инсектите, што е со алергиите? Колку Европејците се подготвени да јадат инсекти?

https://p.dw.com/p/4Mvtk
Инсекти во исхрана
Инсекти како исхранаФотографија: karin hansche/vizualeasy/picture alliance

Во Европската Унија, продажбата на делумно обезмастениот прав од домашен штурец (Acheta domesticus) е дозволена од крајот на јануари 2023 година. Според законот, тоа засега е дозволено само на виетнамската фирма Cricket One. По анализата на научните студии, инсектот познат како домашен штурец претходно беше вклучен во листата на нови намирници во ЕУ, што мора да се прави со секоја нова храна. И ларвите на сјајната црна пченична мувла (Alphitobius diaperinus) сега можат да се преработат за човечка исхрана во ЕУ.

Слични правила постоеја некое време за миграционите скакулци (Locusta migratoria) и ларвите на т.е. жолтите црви (Tenebrio molitor). Според тоа, во Европската Унија четири типа инсекти се дозволени за консумирање, а барањата за уште осум чекаат одобрение. 

инсекти
Tenebrio molitor во три форми на постоење - во исхраната е дозволен првиот жолт црвФотографија: R.Nagel/WILDLIFE/picture alliance /

Во која храна се дозволени инсекти? 

Во сите видови на храна. Нивниот прав сега може да се најде, меѓу другото, во леб и колачи, бисквити и крекери, готови мешавини за леб и колачи, тестенини, сосови и супи, замени за месо и млеко, производи од компири и чоколадо. Таквите производи потоа веќе нема да бидат етикетирани како вегански или вегетаријански. 

Дали Европејците се подготвени да јадат инсекти? 

Сепак, останува да се види дали и колку брзо ваквите производи ќе станат популарни. Досега, храната со инсекти беше „навистина многу, многу мал пазар“, објаснува Армин Валет од Центарот за советување потрошувачи во Хамбург. Во Германија моментално се достапни само неколку производи со мала количина на инсекти - како што се некои специјални слатки или тестенини. Денот кога прашокот од инсекти ќе се меша во бисквити или брашно е сè уште „навистина далеку“, вели Валет. 

Според извештајот (2020 година) на Европската организација на потрошувачи, која е делумно финансирана од ЕУ, огромното мнозинство луѓе во ЕУ не сакаат да го менуваат месото за инсекти - поточно, три четвртини не сакаат, а уште 13 отсто не се сигурни. Во Германија, 80 отсто од луѓето велат дека се згрозени од идејата да јадат инсекти, според извештајот од 2022 година на германската агенција за животна средина УБА. 

„Одвратноста се смета за најголема бариера за воведувањето на инсекти на западниот пазар на храна“, пишуваат авторите. Студијата објавена во декември покажа дека луѓето се поподготвени да јадат инсекти откако им биле објаснети еколошките придобивки. 

Инсекти за грицкање

Дали е можно да се јаде инсекти без да се знае? 

Не, бидејќи инсектите мора да бидат означени на производите. Комисијата на ЕУ јасно дава до знаење: „Секој сам може да одлучи дали ќе купи храна направена од или со инсекти“. Според регулативата, листата на состојки мора да содржи: „Acheta domesticus“ (куќен штурец), замрзнат. Валет, од друга страна, бара јасно означување на пакувањето: „И тоа на лесен начин за сите да го разберат“. На пример, „Бисквит со инсекти“ или „Тестенини со инсекти“. 

Дали ќе јадеме инсекти од природата? 

Не. Никој не треба да се грижи дали дивите инсекти ќе завршат во храната. Според центрите за советување потрошувачи, инсектите за јадење што се нудат во Германија доаѓаат исклучиво од контролирано размножување. „Во моментов нема регулативи за одгледување инсекти во Германија“, пишуваат застапниците на потрошувачите. Меѓу другото, неопходно е да се регулира просторот во кој може да се одгледуваат инсекти за храна, употребата на лекови и начинот на убивање. 

Колку се хранливи инсектите? 

Во светот, во исхраната се користат повеќе од 1900 видови инсекти. Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) во различни студии откри дека тие се многу хранлив и здрав извор на храна со висока содржина на протеини, витамини, незаситени масни киселини, влакна и минерали. Според Германското здружение на потрошувачи, содржината на протеини во инсектите е слична на содржината на протеини во говедско, свинско или мисиркино месо, но варира во зависност од видот на инсектот. 

инсекти
Никој не негира дека инсектите се одличен извор на протеиниФотографија: Christin Klose/dpa/picture alliance

На што треба да внимаваат болните од алергија? 

Како и со многу други видови храна, инсектите во ретки случаи можат да предизвикаат реакции - на пример кај луѓе кои се алергични. Поточно, хитинот во егзоскелетот на инсектите може да предизвика алергиски реакции. Тешко сварливите влакна се наоѓаат и во школките и печурките. По евалуација на различни студии, Европската управа за безбедност на храна дојде до заклучок: домашен штурец во прав, во препорачаните количини, е безбеден за луѓето. Соодветните информации мора да се наведат во непосредна близина на листата на состојки. 

Што е со одржливоста? 

Според еколошката организација WWF, еколошката рамнотежа на инсектите е значително подобра од говедско, свинско и пилешко. „Во споредба со месото, за производство на инсектите е потребно значително помалку земјоделско земјиште“, вели WWF. Во споредба со пилешко - околу 50 проценти помалку. Според ФАО, за да се произведе иста количина на протеини, на штурците им треба околу дванаесетина од храната што ја јаде стоката. Одгледувањето инсекти испушта помалку штетни гасови.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема