1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЈапонија

Тајфунот Шаншан пустоши во Јапонија

СН/агенции
30 август 2024

Тајфунот Шаншан веќе однесе повеќе животи во Јапонија. Циклонот останува опасен додека се движи североисточно. Надлежните предупредуваат од одрони и поплави.

https://p.dw.com/p/4k50z
Силниот ветер предизвика големи материјални штети во Мијазаки во западна Јапонија
Силниот ветер предизвика големи материјални штети во Мијазаки во западна ЈапонијаФотографија: Kyodo News/AP/picture alliance

Тајфунот Шаншан денеска предизвика рекордни врнежи на дожд додека полека се движи низ Јапонија, предизвикувајќи транспортен хаос и широко распространети предупредувања за лизгање на земјиштето во кои загинаа до шест лица.

Тајфунот, еден од најжестоките кој ја погоди Јапонија во последните децении, ослабна и се прогнозира дека до понеделник ќе ослабне до јачина на тропски циклон, иако налетите сè уште достигнуваа 126 километри на час рано утрово.

Дури и пред да стигне до копното на островот Кјушу, од лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови кои му претходеа, загинаа тројца членови од истото семејство доцна во вторникот во префектурата Аичи, одалечена на околу 1.000 километри.

Железничкиот сообраќај беше прекинат во Јапонија
Железничкиот сообраќај беше прекинат во ЈапонијаФотографија: Ryohei Moriya/Yomiuri Shimbun/AP/picture alliance

Владиниот портпарол Јошимаса Хајаши потврди четири смртни случаи, но рече дека за еден случај „се проучува поврзаноста со тајфунот“. Се стравува дека уште двајца се мртви, а две лица се исчезнати, рече Хајаши.

Осум лица се тешко повредени, а 70 се полесно повредени, рече тој, а многумина се повредени од скршено стакло откако тајфунот ги скрши прозорците и откорна ќерамиди од покривите кога го погоди Кјушу во четвртокот со налети до 252 километри на час.