1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Десет жртви, огромни штети од тајфунот „Џеби“

5 септември 2018

Бројот загинати се искачи на десет, а преку 300 лица се повредени во најсилниот тајфун кој ја погоди Јапонија во последите 25 години

https://p.dw.com/p/34K5P
Japan Unwetter Jebi Zerstörung in Osaka
Фотографија: picture alliance/AP Images/The Yomiuri Shimbun

Најголем дел од загинатите и повредените настрадале од удар на предмети носени од силниот ветар, кој на моменти достигнувал брзина од 216 километри на час, соопшти владиниот портпарол Јошиде Суга денеска утрото.

Тајфунот „Џеби“, кој својата максимална сила ја достигна вчера, е најсилниот што ја погодил Јапонија во последните 25 години. На удар беше западниот брег на земјата, а утрово бурата се повлече кон отворено море, оставајќи зад себе траги на пустош.

Japan Osaka Unwetter und Taifun Jeb
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Kyodo News/K. Endo

Однесени се покриви на објекти, уништени далноводи, поради што стотици илјади домаќинства останаа без електрична струја, во пристаништето Осака еден танкер се откачи од котвата и удри во мост, при што се предизвикани штети на него поради кои аеродромот Кансаи беше отсечен од копното, а освен тоа дел од аеродромот беше поплавен, откажани биле 162 летови.

Japan, Osaka: Auswüchse des Taifuns Jebi
Фотографија: picture-alliance/AP Images/N. Masuda

Ноќеска околу 300 патници останале заглавени на аеродромот Осака, како што потврди претставник на Министерството за сообраќај. Утрово тие се пренесени со фериботи во Кобе, а сѐуште не се знае кога аеродромот ќе биде оспособен за редовно одвивање на авионскиот сообраќај.

Денеска уште важат уредбите за евакуација на околу 1,2 милиони луѓе. Според јапонската новинска агенција Јиџи, околу 16.000 граѓани во 20 префектури ноќта ја поминале во заеднички засолништа.