1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија: Напади со дронови, населението бега од Белгород

ЖА / агенции
23 мај 2023

Вооружени борби во неколку руски населби во регионот Белгород покрај границата со Украина, соборени се дронови, соопшти гувернерот. Одговорноста за нападите ја презедоа Руси кои се борат на страната на Украина.

https://p.dw.com/p/4Rh1A
Белгород Русија
Одбранбени линии на руската војска во регионот БелгородФотографија: Belgorod Region Governor Press Office/ITAR-TASS/IMAGO

Над рускиот регион Белгород на границата со Украина противвоздушната одбрана откри и собори дронови,соопшти гувернерот. Борбите во повеќе населби продолжуваат. „Чистењето на територијата од страна на Министерството за одбрана и безбедносните структури продолжува“, соопшти гувернерот на Белгород, Вјечеслав Гладков денеска (23.05.) преку Телеграм. Меѓу цивилите засега нема загинати, но според него уште е прерано за враќање на населението.

Во понеделникот избија борби во рускиот округ Граиворон, на границата со Украина.Според гувернерот Гладков, станува збор за диверзија, тој тврди дека во областа продрела шпионска група составена од саботери.

Одговорноста за нападите, преку украински медиуми, ја презедоа две единици на руски доброволци кои се борат на страната на Киев – „Рускиот доброволен корпус“ и „Рускиот легион Слобода на Русија“.

„Рускиот регион Слобода на Русија“ преку украинската телевизија објави дека нивна цел е создавање демилитаризирана зона по текот на границата, за да се спречат постојаните напади оттаму врз украинска територија. Двете единици упатија повик до населението да не пружа отпор: „Ние не сме ваши непријатели. Слободата е блиску“, стои во нивниот повик на телеграм.

Киев демантираше своја вмешаност во акцијата.

Размерите на борбите кои се во водат во регионот Белгород се нејасни, мнозинството население, меѓу кое според властите има осум ранети лица, е избегано од регионот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема