1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паѓа цената на струјата за првиот блок за 5,16%

ДТЗ
26 декември 2023

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти одлуката за новата цена што ќе стартува од 1 јануари.

https://p.dw.com/p/4aZ4B
Марко Бислимоски
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја соопшти одлуката за новата цена што ќе стартува од 1 јануари. Претседателот на РКЕ, Марко БислимоскиФотографија: DW/K. Delimitov

Помалите потрошувачи од 1 јануари ќе плаќаат поевтина струја. Се планира намалување од 5,16 проценти на електричната енергија за корисниците во првиот блок, вториот блок и евтината тарифа остануваат исто, цената во третиот блок се зголемува за 2,88% , а четвртиот блок ќе плаќа поскапа струја за 1,86%.

„Доколку не го воведевме новиот концепт со пристап на мрежа, каде што во рамките на одобрениот регулиран максимален приход воведовме дополнителен начин како да се пресметува електричната енергија, цената во првиот блок би се зголемила за 3,4%, во вториот за 8,62% и во третиот за 9,46%, додека евтината тарифа за 15,42%“, изјави на прес-конференција првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски 

Иако согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, од РКЕ се децидни дека новиот модел за пристап на мрежа со кој се распределува фер трошокот од потрошувачите кои редовно користат струја со оние кои повремено ги користат објектите, се очекува да донесат пониски сметки во 2024 година. Според Бислимоски, со воведувањето на надоместокот за пристап кон мрежа се овозможи цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. 

Нова ставка

Станува збор за нова ставка која што беше најавена неодамна. Сопственици на викендички, напуштени куќи во планинските и руралните делови на земјата, имоти на лица кои со години се во странство, во иднина на сметките за струја ќе плаќаат фиксен надоместок наречен „пристап до мрежа“. Иако станува збор за објекти во кои сопствениците можеби доаѓаат ретко - ваквиот  „данок на луксуз“ ќе мора да се плаќа, бидејќи одржувањето на мрежата е многу скапо. Надлежните велат дека целта е со креативни решенија да се заштити редовниот потрошувач. На тој начин најголем број потрошувачи ќе добијат пониски сметки за мрежарина, додека оние кои користат викендички ќе плаќаат за пристап до мрежа.

Кон овој тренд на паѓање на цените влијае и дневната евтина тарифа, која што стапи на сила од 1 декември, а во наредниот период треба да биде достапна за сите корисници.  

струјомер
Цената на струјата во првиот блок ќе биде пониска за 5%?Фотографија: Fotolia/kritiya

Домашно производство 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 100 отсто од потрошената струја била од домашно производство, додека 99.4 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат најави дека ќе продолжат мерките за субвенционирање на цена на електрична енергија, за 611.000 домаќинства во државата и за 70.000 мали и средни претпријатија кои вработуваат 98% од вработените за субвенционирање на цената на електрична енергија.

„Секој на својата сметка која што ја добива од ЕВН може да види дека цената на електрична енергија е субвенципонирана и до 90% што значи дека нашите граѓани плаќаат двојно помала цена на електрична енергија од тоа што би ја платиле доколку е пазарна цена што во Западна Европа и така плаќаат“, вели премиерот.