1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ристо Пенов се враќа во политиката

ДТЗ
27 септември 2022

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека се чека официјална номинација од ЛДП, откако Горан Милевски поднесе оставка минатата недела од лични причини

https://p.dw.com/p/4HQNP
Влада
Ристо Пенов се враќа во политиката како министер за локална самуправаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во владата на премиерот Димитар Ковачевски. Тој во изјава за „360 степени“ потврдил дека по консултациите во изминатите денови решил да ѝ се врати активно на политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата матична Либерално-демократска партија (ЛДП). 

Ако и официјално биде предложен за министер и Собранието го потврди неговиот избор, тој ќе го наследи  лидерот на ЛДП, Горан Милевски, кој минатата недела поднесе оставка од лични причини. Деновиве се очекува да заседаваат партиските органи за и официјално да биде доставен предлог за министер до владините партнери.

Премиерот Ковачевски денеска изјави дека се чека официјална номинација од ЛДП.

„Министерството за локална самоуправа, во распределбата на ресорите и одговорностите, е во одговорност на Либерално-демократската партија и штом ЛДП ќе предложи личност што ќе го замени постојниот министер кој поднесе оставка, тогаш тоа ќе биде доставено до парламентот“, рече Ковачевски.

Пенов беше градоначалник на Скопје во два мандата (1996-2000 и 2000-2004), а и пратеник во Собранието.