1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин и Ким се прегрнаа на црвениот тепих во Пјонгјанг

ЕМФ | афп
19 јуни 2024

Посетата на Путин ја илустрира „непобедливоста и стабилноста“ на билатералните односи на двете земји, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

https://p.dw.com/p/4hE0K
Посета на рускиот претседател Путин на Северна Кореја
Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун и рускиот лидер Владимир Путин во ПјонгјангФотографија: Yonhap/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путини севернокорејскиот лидер Ким Jонг Ун на официјалниот старт на својата средба присуствуваа на церемонија на плоштадот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг. Поворката на Путин се упати кон плоштадот кој често се користи за воени паради, каде беше пречекан од Ким, објавија денеска (19.06) руските новински агенции Интерфакс и Риа Новости. Сликите од севернокорејските државни медиуми покажаа дека плоштадот е украсен со руски и севернокорејски знамиња и големи портрети на двајцата државници.

Посета на рускиот претседател Путин на Северна Кореја
Поворката со возила на рускиот претседател Путин се движи низ ПјонгјангФотографија: Yonhap/picture alliance

Претходната вечер Ким го поздрави Путин при пристигнувањето на аеродромот. Двајцата меѓународно изолирани шефови на држави се прегрнаа на црвениот тепих и ги потврдија сè поблиските односи на нивните земји.

Посетата на Путин ја илустрира „непобедливоста и стабилноста“ на билатералните односи на двете земји, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Путин отпатува во Северна Кореја со голема делегација, меѓу кои и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ова е втора посета на Путин на Северна Кореја во неговиот мандат како руски претседател. Во 2000 година тој се сретна со таткото на Ким Јонг Ун, Ким Јонг Ил. Изолираната Северна Кореја ретко има дипломатски посети. Пјонгјанг е обвинет дека ја поддржува руската воена офанзива во Украина со испорака на оружје. Северна Кореја ги отфрли обвинувањата како „апсурдни“. Путин во моментов се обидува да добие дополнителна муниција. Ким и Путин се сретнаа во септември за време на патувањето на севернокорејскиот властодржец во источна Русија.

По посетата на Северна Кореја, шефот на Кремљ ќе отпатува за Виетнам.