1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсени ексдиректори на ЕСМ за криминал од 6,5 милиони евра

ДТЗ
10 декември 2024

Повеќе лица се приведени во акција на полицијата и Јавното обвинителство, поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра. Полицијата трага по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски

https://p.dw.com/p/4nxEB
РЕК Битола
Приведени ексдиректори на ЕСМ, се трага по Васко Ковачевски кој е надвор од земјатаФотографија: Nord-Mazedonien Regierung

Повеќе лица се приведени во акција на полицијата и Јавното обвинителство, поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра во ЕСМ и РЕК „Битола“. Полицијата трага по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата. Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека тој во најскоро време ќе биде пронајден. На прес-конференција во Владата порача дека надлежните органи имаат обезбедно доволно докази за направените злоупотреби. 

„Добро организирана група“ 

Повикувајќи се на информации коишто ги има од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и од Бирото за јавна безбедност, Мицкоски вели дека станува збор за добро  организирана група на високи претставници на РЕК Битола, како и за лица кои управуваат со други правни субјекти, кои се здружиле и постои основано сомнение дека направиле криминал од 6,5, милиони евра. 

„Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставиме на обвинителството и судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невисност, но тоа што е најдено е навистина загрижувачки“, вели Мицкоски и додава: 

„Знам дека како Влада и јас лично често на јавноста бевме обвинувани дека многу малку сме преземале акции, и органите на прогонот не презеле доволно чекори за обезбедување на лица коишто постојат сомневања дека сториле криминал. Но, ние баравме трпение бидејќи мора да има јасна процедура и докази, но и да соработуваат двата клучни столба - обвинителството и судството. Таму се уште постојат структури коишто се повеќе лојални на претходната влада отколку на правдата, што е наш генерален проблем. Но, во последно време се повеќе се приближуваат да бидат лојални на правдата и се надевам дека така ќе продолжат и во иднина“, вели премиерот. 

Христијан Мицкоски
Мицкоски вели дека станува збор за добро организирана група на високи претставници на РЕК Битола, како и за лица кои управуваат со други правни субјекти, кои се здружиле и постои основано сомнение дека направиле криминал од 6,5, милиони евра.Фотографија: Government North Macedonia

Претреси на повеќе локации 

Во тек се претреси на повеќе локации воСеверна Македонија. МВР и Јавното обвинителство најавија детали за случајот во текот на денот. Според првичните информации, во големата полициска акција се упасени повеќе лица од поранешното раководство на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и РЕК „Битола“ осомничени за злоупотреба на јавни набавки. Според неофицијални информации, станува збор за 23 осомничени физички лица и две правни. Акцијата се спроведува во Скопје, Битола, Велес и Кичево, се однесува на злоупотреби во РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“. Според информациите на МИА, во акцијата полицијата запленила 130.000 евра во кеш. 

„Сите приведени лица, освен Ковачевски, кој набрзо ќе биде обезбеден ќе ги изведеме пред лицето на правдата и тие треба да дадат одговор за сомневањата кои ги имаме. Ја повикувам јавноста будно да следи, а се што зборуваме за организираниот криминал ќе и биде на достапно на јавноста, а доказите ќе ги изложуваме транспарентно. Нема да правиме циркус или естрада, правдата е спора, но на крајот победува“, рече Мицкоски.

ЕСМ изминатиот период често беше мета на критики за лошо менаџирање на државната компанија и за сомнежи за криминал при јавните набавки.  Од компанијата наведуваат дека документацијата којашто била побарана е доставена до надлежните институции.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи