1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поплавени дворови, подруми, куќи - нови штети од невремето

ДТЗ
27 јуни 2024

Променливо облачно време во Македонија ќе се задржи до петок, до кога се очекува нестабилно и свежо време со пороен дожд и грмежи, велат метеоролозите.

https://p.dw.com/p/4hZS1
поплави
Поплавени куќи, подруми, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади - ова се само дел од последиците од силното невреме (архивска фотографија)Фотографија: DW/P. Stojanovski

Новите поројни дождови коишто ги зафатија Скопје, Тетово и Куманово предизвикаа поплави во многу домови, но и оштетувања на бандерите, автомобилите и лимените покриви. Бројни пријави за  поплавени дворови, подруми, куќи, паднати дрвја, бандери, лимови и оштетени автомобили се добиени на Единствениот број за итни случаи по невремето што во средата  ги зафати Тетовскиот, Скопскиот и Кумановскиот регион. 

Од Центарот за управување со кризи информираа дека во Скопје има пријава за лимен кров кој претставува опасност да падне на улицата „23 Октомври“ спроти зградата број 15, а поради паднато дрво кај клучката Радишани кон Бутел сообраќајот е прекинат.  Примена и е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ бр.12 за што е известена единицата на локална самоуправа Аеродром, а има и пријава за поплавен подрум на улицата 84.

И во Тетово и во Куманово има пријави за поплавени куќи, каде се прават обиди со пумпи да се испумпа водата. 

За викендот - стабилизирање на времето 

Невремето беше предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Почна од тетовскиот регион кон Скопје. Околу Скопската котлина и Куманово имаше неколку развиени јадра на невремето, различни по интензитетот.

Променливо облачно време ќе се задржи до петок, до кога се очекува нестабилно и свежо време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места и во текот на денов ќе има невреме со обилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник следната недела повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни пред и за време на најавените метеоролошки нестабилности. 

Скопје и Тетово и пред неколку дена беа зафатени со поројни дождови и невреме кое што предизвика големи штети и во домовите, но и за земјоделските посеви.