1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Израел ќе ги проширува операциите кон југ на Појасот Газа

ЕМФ / дпа
17 ноември 2023

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви најави проширување на операциите во Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/4Z1Zw
Херзи Халеви, началник на Генералштабот на израелската армија
Херзи Халеви, началник на Генералштабот на израелската армијаФотографија: IDF/UPI/IMAGO

Израел ќе ги проширува операциите во Појасот Газа, најави началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви. „Блиску сме до уништување на воениот систем во северниот дел на Појасот Газа (...) ќе продолжиме и во други области“, изјавил Халеви денеска (17.11) за време на посетата на војниците во Појасот Газа. „Има уште многу да се направи, но ние сме на добар пат“, се вели во соопштение на армијата за посетата на Халеви. Според Халеви, командантите на милитантно исламистичкиот Хамас ќе мора да бидат „систематски“ елиминирани и мора да биде уништена инфраструктура. За таа цел, „во визир се земаат сѐ повеќе и повеќе региони“.

Досега, израелските копнени трупи се концентрирани на северниот дел на Појасот Газа. Но, експертите работат на можно проширување на операциите и на југ. Таму веќе има воздушни напади.

Евентуалната копнена офанзива може дополнително да ја влоши и онака погубната хуманитарна ситуација. Според ОН, речиси 1,6 од околу 2,2 милиони жители на Појасот Газа се во бегство поради борбите. Голем дел од раселените луѓе се на југ од крајбрежната област. Израелската војска ги повика цивилите да се евакуираат од северот.

Според информации на Канцеларијата на ОН за итна помош (ОЦХА), која се повикува на палестинскиот завод за статистика ПЦБС, во северниот дел на Појасот Газа има уште околу 800.000 луѓе. Останува нејасно на што се темелат ваквите бројки со оглед на воениот хаос и присуството на израелската армија на северот од крајбрежната област.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема