1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германското население се зголеми на 84,7 милиони

ЕМФ | агенции
25 јануари 2024

Во Германија живеат околу 84,7 милиони луѓе, проценува Сојузниот завод за статистика врз основа на прелиминарни податоци. Тоа е повеќе од кога било досега. Причината е нето доселувањето.

https://p.dw.com/p/4bf7g
толпа граѓани население
Доселувањето во Германија го зголеми бројот на населението на околу 84,7 милиониФотографија: Christoph Hardt/Geisler Fotopress/picture alliance

Доселувањето во Германија го зголеми бројот на населението на околу 84,7 милиони до крајот на 2023 година, објави Сојузниот завод за статистика. Ова е зголемување од околу 0,3 милиони луѓе во споредба со крајот на 2022 година и највисок вкупен износ од повторното обединување на Германија. Зголемувањето минатата година одговара на просекот од периодот од 2012 до 2021 година и е значително помал од 2022 година. Тогаш населението се зголеми за околу 1,1 милион луѓе, што, според Сојузниот завод за статистика, првенствено се должи на силната имиграција од Украина.

Нето доселувањето, односно разликата меѓу луѓето што доаѓаат и заминуваат од земјата, е единствената причина за растот на населението во 2023 година, објаснува Заводот за статистика. Се проценува дека нето доселувањето изнесува од 680.000 до 710.000 луѓе. Тоа е многу помало од нето доселувањето во 2015 година (плус 1,14 милиони) и од 2022 година (плус 1,46 милиони), но гледано во подолг временски период е сепак големо.

Како и во сите години од германското обединување досега, билансот на новородените и починатите е негативен. И во 2023 година починале повеќе луѓе отколку што се родиле. разликата меѓу починатите и новородените изнесува најмалку 230.000 лица (новородени околу 700.000 лица, починати околу 1,02 милиони), велат статистичарите потпирајќи се на прелиминарните податоци со кои располагаат. Конечните бројки ќе бидат објавени во јули 2024 година.