1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаБоцвана

Пронајден огромен дијамант

23 август 2024

Претседателот на Боцвана, Мокгветси Масиси, држи огромен дијамант, најверојатно втор по големина во светот.

https://p.dw.com/p/4joQZ
Боцвана | огромен дијамант
Фотографија: picture alliance/dpa/AP

Голем е колку авокадо и важи за еден од најголемите дијаманти во светот - во рудник на канадската компанија Лукара Дајмонд Корп во Боцвана е пронајден огромен дијамант од 2.492 карати. За квалитетот на дијамантот сѐ уште нема точни информации, но се вели дека тој е со „висок квалитет“.

Во Боцвана, во 2021 година, компанијата Лукара пронајде дијамант од 1174,76 карати, кој досега се сметаше за трет најголем во светот. Најголемиот дијамант за кој има документирани податоци е ископан во 1905 година, во близина на Преторија (ЈАР) и тој имал 3106 карати. Дијамантот е исечен и оттогаш е дел од скапоцените камења на британската круна.