1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаГлобално

Дијамант од шест милиони долари

14 мај 2024

Аукциската куќа Сотби оваа недела ќе го стави на продажба брошот на Картие со жолт дијамант „Алнат“ од 101,29 карати.

https://p.dw.com/p/4foxb
Брошот на Картие со жолт дијамант „Алнат“ од 101,29 карати
Брошот на Картие со жолт дијамант „Алнат“ од 101,29 каратиФотографија: Pierre Albouy/REUTERS

Брош со дијамант со златна нијанса, сличен на оној што го носеше покојната британска кралица Елизабета Втора, се очекува да биде продаден за околу 6 милиони долари на аукција на Сотби во Женева оваа недела.

Дијамантот „Алнат“, кој го носи името на неговиот прв сопственик, британски спортист, е редок камен, со живо жолта боја и тежок 101,29 карати.

Картие го постави во цветен дизајн кој силно наликува на дијамантот Вилијамсон Пинк на кралицата Елизабета Втора, кој и беше даден како свадбен подарок во 1947 година.