1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија на удар на бурата „Золтан“

22 декември 2023

Силно невреме ја погоди Германија, има големи проблеми во железничкиот сообраќај, особено на северот, каде фериботите се откажани, а божиќните пазари се затворени. Издадено е предупредување од поплави на бреговите.

https://p.dw.com/p/4aSy0
Бурата „Золтан“ за зафати Германија
Бурата „Золтан“ за зафати ГерманијаФотографија: Stefan Sauer/dpa/picture alliance

Непосредно пред Божиќ, бурата „Золтан“ ја зафати целата земја, а посебно северна Германија, со силни налети на ветар и обилни дождови - и предизвикува големи нарушувања на сообраќајот. За денеска, петок, се предвидува силно невреме за германското крајбрежје на Северното Море и Хамбург. Германската железница најавува ограничувања при превозот на патници. Во покраината Саксонија-Анхалт ветрот откорнал дрвја, две лица се повредени. Силен оркански ветар дува и на плажата во Алтефер на островот Риген, а во позадина на оваа фотографија може да се види силуетата на ханзеатскиот град Штралзунд.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема