Меркел ја пофали Португалија
12 ноември 2012Германската канцеларка Ангела Меркел најде пофални зборови за напорите за штедење кои ги вложува Португалија. За владата во Лисабон Меркел истакна дека презема „храбри чекори“. Условите за конкурентност за земјата се подобрени, истакна канцеларката на разговорите со португалскиот премиер Педро Пасос Коељо денеска во Лисабон. Канцеларката рече дека знае оти реформите се тешки за граѓаните, меѓутоа чувствува одлучност во земјата да ги реализира неопходните прилагодувања. Германија, на пример, би можела да помогне за стручна надобразба на младите луѓе.
Коељо од своја страна ги бранеше напорите на неговата земја за консолидација на државните финансии. Португалија е на добар пат да ја спорведе програмата за штедење и реформи, подвлече премиерот. Мерките за штедење биле спроведени побрзо и поинтензивно отколку што се очекувало, рече Коељо. Во рок од две години Португалија реализираше цели, кои беа планирани дури за 2016 година, рече тој. Португалија има доверба дека европските парнери и ММФ ќе пружат помош, да се коригира лошата состојба. Премирот истовремено застана зад реформите. Тие според него се единсвениот пат за еден оддржлив развој. Португалскиот премиер Педро Пасос Коељо исто така ја бранеше канцеларката Меркел од обвинувањата дека таа била соодговорна за проблемите во еврозоната. Меркел секогаш ја поддржувала Португалија истакна тој.