„Непожелна личност“- Португалците подготвија жежок дочек за Меркел
12 ноември 2012Германската канцеларка Ангела Меркел денеска престојува во посета на Португалија, каде има намера да ги поддржи острите мерки за штедење на владата во Лисабон. Меркел треба да се сретне со португалскиот претседател Анибал Антонио Кавако Силва и со премиерот Педро Пасос Коељо. Португалија во 2011 година започна да прима помош од европскиот фонд за спас на кризните држави и со тоа презема обврска да спроведе сеопфатни мерки за санација на стопанството.
Според наводите на т.н донаторска тројка , составена од ЕУ, Меѓународниот Монетарен Фонд и Европската Централна Банка , Португалија досега се придржува до реформските обврски. Бројни граѓански иницијативи и синдикатите во земјата повикаа на протести за време на посетата на Меркел. Се’ повеќе Португалци ја германската канцеларка за главно одговорна за тешката економска состојба настаната поради острите мерки за штедење, на кои таа инсистира. Една група од преку 100 прочуени интелектуалци и уметници во Португалија затоа ја прогласија Ангела Меркел за „непожелна личност“. „ Таа е главниот поттикнувач на неолибералната доктрина која ја руинира Европа“ , напишаа тие во отворено писмо до јавноста по повод посетата на германската канцеларка на нивната земја.