1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Фотографија на денот: Коронавирус од стакло

23 март 2021

Скулптура на коронавирусот како омаж на огромните светски научни и медицински напори во борбата против пандемијата.

https://p.dw.com/p/3qzA1
BdTD Großbritannien Coronavirus aus Glas
Фотографија: Finnbarr Webster/Getty Images

Направена е од стакло со дијаметар од 23 сантиметри, или отприлика 2 милиони пати поголема од вистинскиот вирус. Скулптурата на Лук Џерам е изработена по повод денешната годишнина од првиот национален локдаун во Велика Британија. Профитот од продажбата треба да отиде кај организацијата Лекари без граници со цел да им се помогне на заедниците кои се погодени тешко од пандемијата.

Лук Џерам вели: „Ова уметничко дело е омаж на научниците и медицинските тимови кои соработуваат ширум светот со цел да го забават ширењето на коронавирусот... За на јавноста да ѝ се прикаже формата на вирусот, уметничкото дело е изработено како алтернативен приказ на вештачки обоените слики кои се присутни во медиумите. Вирусите всушност немаат боја, затоа што се помали од брановата должина на светлината.“