1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Прва фотографија од коронавирусот

Александер Фројнд
21 јануари 2021

Значи, вака изгледаш! Од коронавирусот досега имаше само компјутерски графики. Сега научниците првпат го фотографираа SARS-CoV-2 .

https://p.dw.com/p/3oDa5
Coronavirus - Neue 3D Darstellung des SARS-Cov-2 Erregers
Фотографија: Peter Mindek/Nanographics/apa/dpa/picture alliance

Фотографиите се 3Д-илустрации на вистински SARS-CoV-2 вирус од вкочанети проби. Фотографиите се од фирмата Нанографикс, огранок на Технички Универзитет Виена. Тие се базираат врз податоци од научници од Универзитетот Цинхуа во Пекинг.

На кинеските научници им успеа да екстрахираат нечепнати честички на коронавирусот, потоа да ги скенираат и да ги дигитализираат. Притоа спајк-протеините на вирусните проби треба да останат што е можно понепроменети во својата структура.

На фотографиите на Нанографикс коронавирусите се збиени, но може да се набљудуваат и одделни вируси, како на оваа фотографија.