1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Гугл му ја одзема лиценцата на Хуавеи

Луис Сандерс
20 мај 2019

Потегот на Гугл значи дека смартофините на Хуавеи нема да имаат пристап до многу популарни апликации. Хуавеи е под притисок поради обвинувања за наводни врски со властите во Пекинг.

https://p.dw.com/p/3IlUp
Paraguay Google Play Store und Huawei Logo
Фотографија: picture-alliance/ZUMA Wire/A. M. Chang

Американскиот технолошки гигант Гугл соопшти дека му ја повлекува лиценцата на Хуавеи за користење на Андроид оперативниот систем за мобили телефони. Доколку до такво нешто дојде, кинеската компанија ќе мора да ја користи софтверската верзија на системот со отворен код.

Новите смартфони на Хуавеи веќе нема да имаат пристап до услуги како што се Џимејл, мапи и Јутјуб, како и безбедносните ажирирања (апдејт).

Сепак, луѓето кои веќе поседуваат Хуавеи телефони ќе можат да ги користат и ажурираат апликациите кои веќе ги презеле.

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука со која на американските компании им се забранува да ја користат телекомуникациската опрема која ја направиле „странски противници“, односно фирми за кои се смета дека претставуваат ризик за американската национална безбедност. Со тоа Трамп практично ја стави на црна листа кинеската компанија Хуавеи, ускратувајќи ѝ го пристапот до американскиот пазар и истовремено ограничувајќи ги можностите за продажба на американски компании.

Повеќе: САД подигнаа обвинение против Хуавеи

„Ние се придржуваме до тој налог и ги разгледуваме можните последици“, изјави портпарол на Гугл.

Huawei Mate X
Оние кои веќе поседуваат Хуавеи телефони ќе можат да ги користат и ажурираат апликациите кои веќе ги презелеФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Fernandez

„Подготвени сме на тоа“

Компанијата Хуавеи се најде под огромен притисок на САД откако се појавија информации дека им дозволува на кинеските разузнавачки служби да користат т.н. „бекдорс“ во софтверот. На таквите обвинувања итно стигна одговор од кинеското министерство за надворешни работи со осуда на „западната хистерија“ околу Хуавеи.

Повеќе: Хуавеи ја тужи американската влада

Основачот и генерален директор на фирмата Рен Ченфеи не попушта под американскиот притисок. Тој минатата недела изјави дека неговата компанија „веќе е подготвена на вакво нешто“.

„Не сме направиле никакво прекршување на законот“, рече Рен за јапонскиот венсик „Никеи“. „Очекуваме дека порастот на Хуавеи би можел да забави, но само незначително.“

Според извештаите на американските медиуми, Хуавеи веќе има развиено сопствен оперативен систем којшто ќе почне да се користи во случај да се загуби пристапот до услугите на Гугл и Мајкрософт.