Џими Хендрикс- херој на една генерација
18 септември 2010Џејмс Маршал Хендрикс се прослави со хитовите „Хеј Џо“ и „Прпл Хејз“. Доживеа светска слава уште многу пред прераната смрт на 27-годишна возраст. Заврши слично како и неговите славни современици, Џенис Џоплин и Џим Морисон, задушен од сопствената слава, со комбинација на пилули за спиење и црвено вино.
Роден е во Сиетл, САД, но најплодните творечки години ги минува во Лондон.
Апартманот во Лондон во кој ги мина последните четири години од животот деновиве беше отворен за посетители. Организаторите соопштија дека сите влезници за настанот биле продадени однапред.
Станот во кој живеел Хендрикс е инаку врата до врата до апартманот во кој дел од својот живот го минал и славниот германски композитор Георг Фридрих Хендл (1685-1759г.).
Девојката на Хендрикс, Кети Ечингам подоцна ќе раскажува дека Џими Хендрикс честопати „го гледал“ духот на Хендл облечен во баде-мантил во нивната бања.
автор: БГ/ап/дв
редактор: Симе Недевски